8 неверојатни факти кои покажуваат како секојдневието влијае на нашиот мозок
Човечкиот мозок е најверојатно најмистериозниот орган во нашето тело.
Научниците постојано учат и истражуваат нови факти за неговата работа, но сепак сѐ уште крие многу тајни.
Но, доколку досега не сте знаеле факти поврзани со мозокот, сега ќе имате можност да ги дознаете.
Ова се откритијата од последните неколку години во истражувањата на мозокот.
Некои од нив ќе ве изненадат:
Хроничниот недостаток на сон го влошува помнењето
Научниците откриле доказ дека константниот недостаток на сон може да го влоши помнењето и да предизвика Алцхајмер. За време на целоноќно спиење, мозокот ги отстранува токсичните материи кои се опасни за нашиот мозок.
Ако човекот не се наспива доволно, тоа може да им наштети на мозочните келии.
Љубовта и омразата имаат многу заедничко
Британските научници откриле дека љубовта и омразата потекнуваат од слична мозочна област. Како и да е, за разлика од омразата, љубовта значително ја намалува активноста во областите одговорни за осудување и логично размислување.
Мозокот е чувствителен на дехидрирање
Нашиот мозок има речиси 80% вода. Затоа, дури и мало губење на течности (2%) ја намалува концентрацијата и будноста, а тоа води до влошување на краткотрајното помнење или други когнитивни способности.
Бременоста ја менува структурата на мозокот
Научниците докажале дека бременоста ја намалува количината на сивата маса во мозочните области одговорни за социјалното однесување и разбирањето на другите луѓе.
Голема количина на шеќер во исхраната ја влошува меморијата и ја намалува способноста за учење
Големи количини на фруктоза во исхраната го забавуваат мозокот и ја намалуваат способноста за учење, помнење информации и концентрација. Тоа е така бидејќи вишокот шеќер ги уништува нервните врски во мозокот.
Романтичната љубов и мајчинското чувство се многу слични
Според мозочната активност, овие два типа на љубов се многу слични но сепак различни. На пример, страсната љубов активира области од мозокот кои се поврзани со сексуална возбуда. Така чувството на замор и страв се намалува, а еуфоријата расте.
Мајчинската љубов ги активира областите одговорни за формирање на наклонетост кон некого.
Сликањето ја подобрува работата на мозокот
Истражувањата покажуваат дека сликањето и уметничките активности ја подобруваат интеракцијата помеѓу мозочните области, додека процесот на стареење се забавува. Ова најмногу влијае на луѓето помеѓу 62 и 70 години.
Читањето го тренира мозокот
Научниците од Oxford потврдиле дека процесот на читање ги тренира когнитивните способности на мозокот. Исто така и ги активира областите кои во меѓувреме не се користат.
Кога читате, крвта влегува во области на мозокот одговорни за концентрација и сознание. Сепак, овој ефект не се добива и при гледање телевизија или играње компјутерски игри.
М. М. | Црнобело