Како полесно да ги поднесете утринските мачнини во бременоста?
Жените кои во текот на бременоста немале утрински мачнини имале многу среќа. Оние пак, кои спаѓаат во другата група, знаат колку е ужасно и тешко да се поднесат овие промени на организмот.
За поретко да имате утрински мачнини, важно е да го подготвите телото за она што следи и да се обидете колку што е можно да ги ублажите овие непријатни искуства.
Еве што треба да направите:
Пијте чај од ѓумбир, нане или лимонада
Овие пијалаци делуваат поволно на организмот, особено ако сте изгубиле многу течности при повраќањето. Може да помогне и газирана вода, а ако пиете кафе, пробајте да ја намалите дневната количина.
Јадете мали оброци на неколку часа
Никако не се изгладнувајте подолго време и секогаш кога ќе почувствувате глас, земете двопек или крекери. Внесувајте храна богата со протеини, како на пример варено јајце, пилешко месо и интегрални печива.
Поминувајте време на свеж воздух
Не седете по цел ден во затворена просторија. Ако сте дома, поседете на балкон или одете на кратка прошетка, а додека сте на работа, паузата за ручек поминете ја надвор од канцеларија, на свеж воздух.
Внимавајте со лековите
Во текот на бременоста, посоветувајте се со вашиот лекар за тоа кои лекови смеете, а кои не смеете да ги користите. Забележете дали од некој лек ви се лоши или ви е мачно и престанете да го земате.
Слушајте си го телото
И покрај сите совети и правила, вие сами најдобро можете да забележите што ви предизвикува мачнина или гадење. Забележете ги промените кои се случуваат во организмот. Ако забележите дека ви се гади од мирисот на косена трева или некој парфем, избегнувајте ги.
Бидете позитивни
Бременоста е еден од најубавите периоди во животот на една жена. Колку и да ви е мачно и тешко, пробајте да ја гледате позитивната страна и да уживате колку што можете. Позитивниот став делува поволно на целиот организам.
М. В. | Црнобело