Пушењето ве прави поглупави
Одамна е познато дека пушењето штети на белите дробови и срцето, но сега се покажало и дека оваа нездрава навика го намалува коефициентот на интелигенција.
Младите луѓе кои редовно пушат цигари имаат помал коефициент на интелигенција од оние кои не пушат, покажува најновото истражување во кое учествувале 20.000 млади возрасни личности.
Колку повеќе цигари – толку понизок IQ, открива истражувањето.
Кај младите луѓе од 18 до 21 година кои редовно пушат откриен е коефициент со просечна големина од 94, а кај оние кои не пушат IQ е 101.
Иако се сомневале дека нискиот IQ можеби е поврзан со генетското наследство, утврдени се значителни разлики во интелигенцијата помеѓу браќата и сестрите.
Оние кои пушат имаат понизок коефициент, а генетиката и околината немале влијание врз тоа.
Експертите не знаат зошто точно пушењето го намалува IQ-то, односно постои можност да се помалку интелигентни луѓето кои се склони на зависност од никотин.
Најновите откритија се уште една силна причина зошто да ја прекинете оваа нездрава навика.