Смирување со неколку вдишувања, по примерот на будистичките монаси

Будистичките монаси велат дека стресот и напнатоста можат многу брзо и наједноставно да се намалат со правилно дишење.

smiruvanje-so-nekolku-vdishuvanja-po-primerot-na-budistickie-monasi-01.jpg

Токму така, сè што е потребно за да се ослободите од нервозата е да дишете правилно.

Но, како можете да го постигнете тоа?

Основно правило за дишење

Држете го грбот исправен, затворете ги очите, релаксирајте се и размислувајте за нешто позитивно.

smiruvanje-so-nekolku-vdishuvanja-po-primerot-na-budistickie-monasi-1.jpg

Брзо ослободување од стресот

Важно е да дишете длабоко, здивот да го чувате околу 4 секунди, а потоа бавно да го испуштите. Испуштајте го околу 5 секунди, а потоа повторно наполнете ги белите дробови со кислород.

smiruvanje-so-nekolku-vdishuvanja-po-primerot-na-budistickie-monasi-2.jpg

За релаксација и разбистрување на умот

Едната рака ставете ја на чело, а другата позади главата. Оваа положба ја подобрува циркулацијата на крвта во мозокот и помага да се ослободите од стресот. Дишете кратко, но длабоко.

smiruvanje-so-nekolku-vdishuvanja-po-primerot-na-budistickie-monasi-3.jpg

За смирување на нервите

Вдишете длабоко со усните благо отворени. Воздухот испуштајте го бавно преку усните со притискање на мускулите како да го туркате воздухот однатре.

smiruvanje-so-nekolku-vdishuvanja-po-primerot-na-budistickie-monasi-4.jpg

Потоа обидете се вештачки да „зевате“. Земете воздух со отворена уста, држете го воздухот 2 секунди, а потоа бавно издишете.

smiruvanje-so-nekolku-vdishuvanja-po-primerot-na-budistickie-monasi-5.jpg

Сега уште еднаш, вдишете низ нос, а потоа издишете низ уста, бавно додека целосно не го испразните воздухот од белите дробови.

smiruvanje-so-nekolku-vdishuvanja-po-primerot-na-budistickie-monasi-6.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg