Крупните жени се поздрави?
Девојки немојте да очајувате ако имате малку сало на вашиот задник и бутовите, бидејќи статистиката покажала дека мажите сакаат девојки со облини...
... а сега истражувањата покажуваат дека тоа е здраво.
Салото на бутовите и задникот штити од дијабетис и срцеви болести, изјавил еден научник од универзитетот Оксфорд. Меѓутоа салото на стомакот е лошо.
Салото на стомакот ослободува штетни киселини во телото како и молекули цитоксин кои имаат инфламаторно дејство и зголемен ризик од дијабетис и срцеви заболувања.
Фактот дека за здравјето е важно салото да биде правилно распоредено на вашето тело беше нецелосно, а сега знаеме дека тие делови на телото се задникот и бутовите.
Но, доколку имате вишок на килограми или пак сте гојазни тогаш што поскоро треба да ги промените навиките во исхраната и да почнете да се храните здраво и редовно како и тоа да се бавите со некоја физичка активност.
Можете да се обидете со некој омилен спорт кој до сега само сте го гледале пред телевизор или пак пробајте нешто кое никогаш не ви паднало на памет!
Сепак, створете си навика да најдете време за физичка активност, бидејќи и покрај тоа што оваа студија стои зад фактот дека полничките девојки се поздрави, не го сфаќајте здраво за готово.