10 природни начини за да се ослободите од лошиот здив
Лошиот здив може да биде навистина непријатен особено за оние околу вас. Понекогаш секојдневната хигиена не е доволна за целосно да се ослободите од него, па треба да преземете и нешто друго.
Постојат неколку начини кои може да ги искористите и да го отстраните лошиот здив.
1. Познатата орална хигиена
Добро исчистете ги забите од остатокот храна, со помош на конец за чистење заби, а потоа исчеткајте ги со паста. Не заборавајте со четката да го поминете и јазикот, но бидете внимателни.
2. Вода
Потребно е постојано да ви биде хидрирана устата. Покрај утринското плакнење, не заборавајте и по секој оброк да се напиете вода, да направите гаргара и постојано да имате чаша вода до вас во текот на денот.
3. Менување на четката за заби
Многу е важно редовно да ја менувате четката за заби, барем на неколку месеци. Со тоа се заштитувате од бактериите, а ја подобрувате и функцијата.
4. Магдонос
Џвакањето свежи ливчиња магдонос веднаш го отстранува лошиот здив. Некои не го сакаат неговиот вкус, но многу е ефикасен, бидејќи ги неутрализира сите мириси и вкусови.
5. Сода бикарбона
Уште една корисна примена на сода бикарбоната која може да се искористи на два начина за да се ослободите од лошиот здив. Првиот начин е да растворите една лажичка сода бикарбона во чаша вода и со неа да направите гаргара во устата. Вториот начин е да ставите малку сода бикарбона на пастата и четката за заби, па така да ги исчеткате забите. Со тоа ќе им дадете и поголема белина.
Уште 5 природни за ослободување од лошиот здив начини на следната страница...