Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Диетата на Мајкл Фелпс - 12.000 калории на ден

felps_smallКако изгледа вашата диета? Наутро, по едно ѓеврече, или чинија корнфлекс со филџанот кафе? Ајде сега споредете се со диетата на освојувачот на најмногу медали на олимпијадата - Мајлк Фелпс и неговите оброци:

 

Што јаде Мајкл Фелпс за појадок?

  • три пржени јајца во сендвич, заедно со кашкавал, зелена салата, домати, пржен кромид и мајонез;
  • еден омлет со пет јајца;
  • чинија гриз;
  • три парчиња франциски тост со шеќер во прав;
  • три палачинки со чоколадо;
  • две чаши кафе.

Се на се, Фелпс, кога тренира внесува околу 12.000 калории на ден. Споредено со 2.500-3.000 калории на ден колку што се препорачува и е нормално, диетата на Фелпс звучи застрачувачки!felps

Меѓутоа, оваа диета е сосема нормална за олимписки атлети како Фелпс. Погледнете ја неговата слика, тој изгледа совршено - очигледно дека ги согорува сите тие калории кои ги внесува.

За ручек Фелпс пие енергетски пијалоци со вредност од околу 1.000 калории, околу половина килограм тестенини со сос од домати, две големи шунки и сендвичи со кашкавал (и мајонез) на бел леб.

За вечера, оброкот на Фелпс се состои од шест до осум парчиња пица, уште половина килограм тестенини со сос од домати и уште 1.000 калории „тешки“ енергетски пијалоци.

Оваа диета е специјално креирана за олимпијци. Очигледно, со 8 златни медали само на оваа Олимпијата, може да се заклучи дека е повеќе од успешна.

Би можело да ве интересира:

8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Херпес на уста - Зошто се појавува и како да го третирате? Откако ќе се зарази со вирусот, личноста ќе го носи во себе до крајот на својот ...
Зошто е важен витаминот Д (особено за деца) и кога треба да земате суплементи? Витаминот Д се создава во организмот со изложеност на сонце, но некогаш ова не е...
Што е маститис, кои се симптомите и ризик фактори за негово појавување? Маститисот на лактација, кој се појавува кога жените дојат, може да биде нависти...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg