Кога сме најсреќни во животот?
Студентските денови се најсреќниот период во животот, а годините кои се поминуваат во изостаноци од предавање, во бакнување со странци и седејќи во библиотеки над книга, според резултатите на истражувањето, се повпечатливи од раѓањето на првото дете или стапувањето во брак.
Резултатите на новата студија покажеле дека студентскиот период е дефинитивно најсреќниот период во животот, а многу поединци во четириесеттите чувствуваат носталгија по тој период од својот живот.
Така, според студијата, луѓето од 45 – 54 години студентскиот живот го сметаат за најважно животно исуство, додека оние помеѓу 35 и 54 години сметаат дека никогаш повеќе нема да доживеат така среќен животен период.
Помладите генерации во истражувањето откриваат дека не ги искористиле потполно студентските денови, а така мислат и 73 проценти од испитаниците на возраст од 18 до 24 години.
Студијата покажува и дека дури 57 проценти од испитаниците сметаат дека студентскиот период бил најсреќниот период во нивниот живот, а секој трет испитаник би сакал сето тоа да го проживее уште еднаш.
Студенстскиот живот на многумина им останал толку голем впечаток поради запознавањето на нови луѓе.
Топ листа на најсреќните животни периоди
- Студентските денови
- Стапувањето во брак
- Добивањето на првата работа
- Раѓањето на првото дете
- Купувањето на првото домашно милениче
- Првиот бакнеж
- Првата љубов
- Купувањето на првиот автомобил
- Првата плата
- Купувањето на куќа или стан
- Првото самостојно одење на одмор.