5 факти зошто е добро да вежбате пилатес
Знаеме сите дека пилатес е техника на вежбање за тонирање и зајакнување на мускулите. И рака на срце, повеќето од нас го практикуваат кога сакаат да намалат некое килце, или пред летната сезона – кога треба набрзина да се стегнат за летна гардероба.
Токму затоа одлучивме малку повеќе да се посветиме на пилатесот. Денешниот пост го посветуваме на неколку интересни факти, за кои веруваме не сте слушнале до сега.
1. Со едно движење се активира целото тело
Една вежба, а цело тело работи. Просто невозможно, нели? Еве за пример ќе ги земеме вежбите за стомак, кои во пилатес најчесто се прават во серија од 100, и се кратки и брзи. При вежбање фокусот е на стомачните мускули. Меѓутоа, рацете кое паралелно на дишењето се движат горе доле многу брзо, рамената и градите кои се постојано подигнати кренати од земја и нозете кои се стегнати во текот на сите сто стомачни – поминуваат некако незабележително, а и тие работат и трошат енергија и тие. И плус топат калории! Ова е секако поедноставен пример. Има и потешки вежби, кои се прават и со помош на некој реквизит. Замислете пак, со нив колку се троши и колку работи целото тело?
2. Пилатесот е сличен на јога, но не е произлезен од неа
Повеќето луѓе веруваат дека пилатесот е резултат на јогата. Ама не е баш така. Пилатесот е систем на вежби креиран од Џозеф Пилатес, кој претходно бил боксер (за многумина неверојатно). Неговата долгогодишна и разновидна физичка активност го научила дека правилната физичка активност доаѓа со единството на духот и телото. Токму затоа и пилатесот е специфичен начин на вежбање, кој бара смиреност, концентрација на дишењето и движењето. На почетокот, малкумина биле тие кои смееле да го практикуваат, бидејќи според Џозеф Пилатес малкумина вистински го разбирале.
3. Еден час вежбање пилатес поттикнува трошење калории 24 часа
Основата на пилатесот е вежбањето со отопр. Научно е докажано дека на тој начин формираат убави, затегнати и еластични мускули и се поттикнува метаболизмот да ги топи калориите во текот на целиот ден. Ако кај сите типови вежбање, калориите се топат кога ќе се почне со вежбање и додека се вежба, кај пилатесот тој процес трае, дури и поинтензивно, по завршувањето со вежбите.
4. Оригиналното име на пилатесот е “Contrology”
Според Џозеф Пилатес, оваа техника на вежбање е вистинска уметност во контрилирање на движењата и дишењето заедно. Со пилатес постојано се тренира контролата врз духот, телото и мускулите. Фокусот на сите вежби е секогаш на основните мускули на телото (стомачните, карличните и долниот дел од грбот), на правилното држење на кичмата и на свесното дишење. А да се одржи ова се во рамномерно и синхронизирано движење, контролата е повеќе од потребна.
5. Пилатесот го подобрува вашиот сексуален живот
Контролата врз дишењето, намалувањето на стресот, опуштањето и смиреноста на умот кои ги предизвикува пилатесот – сето тоа се рефлектира и врз вашиот сексуален живот. Зголемениот проток на крвта пак, влијае врз интензитетот на оргазмот. Од друга, страна, вашиот подобрен физички изглед ја зголемува вашата самодоверба, а тоа само по себе ја надополнува вашата привлечност. И уште еден тон други предности на пилатесот, кои верувале или не, ве прават подобри во креветот.
Ако овие интересни факти не ви беа доволен поттик да почнете со вежбање, ви препорачуваме ја посетите фан страната на Студио Пилатес и да ги прочитате основните предности од вежбање пилатес.
Тие сигурно ќе ви фатат окце и ќе ве намамат да почнете со вежбање