10 нови здрави навики во исхраната

10-novi-zdravi-naviki-vo-ishranata-povekjeВо денешно време кога сите некаде брзаме, не стигнуваме мирно да изедеме нормален оброк ниту да се погрижиме тој да биде здрав. Тоа, секако многу...


...му штети на организмот.

Професорот Kristof Bamberger предлага десет правила кои ќе ја олеснат здравата исхрана, а истовремено ќе осигурат доволен внос на антиоксиданси и растителни влакна во организмот, како и минимален внос на животински маснотии.

1. Главните оброци и меѓу оброци секогаш земајте ги од прилика во исто време. Потрудете се секој ден да појадувате околу 7 , да ручате околу 13, а да вечерате околу 19 часот. Првиот меѓу оброк (да речеме јаболко) земете го во 10, а вториот (јогурт) околу 16 часот.

2. Појадокот би требало да се состои од повеќе намирници. Најдобра комбинација се мусли со овошје и обрано млеко или леб од интегрално брашно со мед, мармалад или свежо сирење и патлиџан. Класичниот појадок, според макробиотската исхрана, вклучува мисо супа. Каша од житарици и шолја чај.

10-novi-zdravi-naviki-vo-ishranata-1

3. Идеален меѓу оброк е свежо сезонско овошје од нашето поднебје. На пролет одберете јагоди, малини или цреши, а сливи, круши и грозје во есен. Тоа е подобар избор од некое егзотично овошје од друг крај на светот.

4. Ако сакате да јадете во ресторани, наместо пица порачајте јадење со зеленчук.

5. Надополнете го топлото јадење со салата, а мрсниот прелив заменете го со маслиново масло и јаболков оцет.

6. Наместо десерт или колачи, на крајот од оброкот напијте се кафе бидејќи го поттикнува варењето, за разлика од чајот.

7. Иако не се забранети намирници како што е месото, виршлите или слатките, на вашата трпеза не би смееле да бидат почесто од два пати во седмицата, бидејќи не се добри за варењето. 

10-novi-zdravi-naviki-vo-ishranata-2

8. Два пати во седмицата за вечера јадете само варен зеленчук (или салата, ако добро поднесувате сирова храна навечер), помало парче посно сирење и напијте се малку вино.

9. Во текот на целиот ден пијте ниско калорични или не калорични пијалаци, негазирана вода или зелен чај.

10. Доколку сакате вино или пиво, еднаш во текот на денот можете да се почестите со чаша од омилениот пијалак.

Би можело да ве интересира:

Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Најопасните вируси со коишто се соочило човештвото (и дали има лек) Сигурно ви е познат вирусот SARS-CoV-2 кој е причина за пандемијата од 2019 годи...
Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...
Што ќе се случи со вашето тело ако секој ден јадете по 3 урми? Го намалуваат нивото на шеќери, овозможуваат исфрлање на лошиот холестерол, пома...
Што е мача и зошто е добро да се пие? Мача е зелен чај во прав, кој е одличен за превенција од рак, а ги штити коските...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg