Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни
Промени во гласот
Зарипнатиот глас е нешто што го поврзуваме со пушење, но може да биде и знак за други проблеми со белите дробови.
Ако не сте пушач и почнете да забележувате промени во гласот, добро би било да се консултирате со експерт.
Слабеење
Наглото и ненадејно слабеење скоро секогаш е знак за некој проблем со здравјето.
Отежнато голтање
Покрај промените во гласот, кај некои луѓе се јавува и отежнато голтање.
Важно е да знаете ова е симптом што може да биде предизвикан и од настинка, воспалено грло или слично, но ако ви претставува проблем, немојте да го игнорирате.
Болки во градите
Ова е поочигледен симптом.
Ако чувствувате болка во градите која не поминува или ви се чини дека се засилува, секогаш е добро да побарате мислење од лекар.
Спирова С. | Црнобело