Симптоми за рак на мочниот меур кои не треба да се игнорираат
Болка на едната страна од долниот дел од грбот
Не заборавајте дека и менструацијата може да предизвика ваква болка, вклучително и некои проблеми со здравјето.
Што значи, не мора да паничите.
Но, ако симптомот се јавува често и е придружен со други, консултирајте се со експерт.
Чувство на слабост и замор
Ако нема очигледна причина за вашето чувство на замор и слабост, добро би било да се проверите.
Намален апетит или слабеење
Слабеењето без навидум никаква причина секогаш треба да се провери, особено ако забележувате и намален апетит.
Отечени стапала
Стапалата можат да отечат во текот на бременоста, како и од носење неудобни чевли, од долго стоење…
Сепак, ако нема некоја причина, а чувствувате и други симптоми, постои можност да станува збор за рак.
Уште еднаш нагласуваме дека секој од овие симптоми може да биде предизвикан од други фактори и здравствени проблеми и не треба сами да си поставувате дијагноза.
Доколу чувствувате симптом кој трае долго и е придружен со некој друг од листата, секогаш е добро да одите на лекар.
Спирова С. | Црнобело