Спас од подочници
Се шокирате наутро кога треба да се разбудите свежи, а околу очите имате темни кругови? Подочниците настануваат од многубројни причини.
Постојат неколку начини кои можат да ви помогнат да се ослободите од непријатниот изглед:
1. Парченца краставици се ставаат на очните капаци од 10 до 15 минути, два пати во денот. Тие ги ладат очите, го отстрануваат стресот и ги намалуваат подочниците.
2. Мешавина од бадемово масло и мед треба да се нанесе на подочниците навечер пред спиење. Подобрувањето ќе го видите после три недели редовен третман.
3. Дневно, треба да внесувате 2-3 литри вода во организмот.
4. Вреќички од црн чај ставени на капаците како облози се исто така ефективен лек против подочниците.