Влакненца на брадата кај жените: Зошто се појавуваат и како да ги отстраните?
Полицистични јајници
Синдромот на полицистични јајници е состојба која се јавува кај 5 до 15 проценти од жените во репродуктивна возраст.
Полицистичните јајници може да предизвикаат низа компликации: нередовна менструација и акни, зголемена влакнетост, но и да бидат силен ризик фактор за дијабетес тип 2.
Сѐ уште не е позната причината за појава на синдром на полицистични јајници, но начинот на живот и наследните фактори можат да влијаат на појавата на овој синдром.
Дијабетесот и некои лекови може да влијаат на влакнетоста
Забележано е и дека жените кои се лекуваат од дијабетес имаат вишок влакна на некои делови од телото, додека во исто време косата им се проретчува.
Употребата на некои лекови може да биде придружена со несакани ефекти како зголемена појава на влакна.
Кушингов синдром
Кушинговиот синдром се карактеризира со зголемена концентрација на кортизол во крвта. Кортизолот е хормон кој е исклучително важен за одржување на виталните животни функции и метаболизмот.
Зголеменото производство на кортизол поради Кушингов синдром доведува до бројни системски ефекти како што се промени во составот на телото и развој на специфичен тип на гојазност.
Забележани се промени во кожата, поткожното масно ткиво и мускулите, како и зголемена појава на влакна.
Како да се ослободите од здодевните влакненца на лицето?
Третманот на состојбата зависи од факторот што го предизвикува.
Доколку се предизвикани од некој проблем во организмот, тогаш прво треба да го решите проблемот.
Постојат разни начини на отстранување несакани влакнеца:
- ласерско отстранување на влакна;
- кубење со пинцета;
- стандардно отстранување на влакна со брич
- депилација со восок или шеќерна паста.
Ако влакната на лицето се крајно проблематични за вас, посетете лекар, кој откако ќе направи соодветни тестови на крвта и ќе ја идентификува конкретната причина, ќе ви препорача да ги преземете вистинските чекори.
Често е неопходно да се спроведе хормонален третман кој ќе го стабилизира нивото на андрогените хормони.
С. Ш. | Црнобело