Влакненца на брадата кај жените: Зошто се појавуваат и како да ги отстраните?

Хормонална промена, генетика, полицистични јајници, дијабетес се само дел од причините кои предизвикуваат раст на влакненца по лицето и брадата кај жените. Многу жени водат доживотна битка со влакненцата на брадата, а ние ви претставуваме неколку начини како да се ослободите од нив.

vlaknenca-na-bradata-kaj-zenite-zosto-se-pojavuvaat-i-kako-da-gi-otstranite-01.jpg

На секоја од нас ѝ се случило да забележи црно влакно на својата или на брадата на својата пријателка.

Секогаш ни се чини како тоа цврсто влакно да пораснало преку ноќ и неретко почнува да се шири по остатокот на лицето, носот, а понекогаш и на брадавиците. 

Сосема е нормално да имате едно црно влакно кое се појавува повторно и повторно на истото место. 

Меѓутоа, ако почнува проблемот да се зголемува и да ви растат сѐ повеќе влакна по лицето, тоа може да биде знак дека нешто се случува во вашиот организам.

Еве кои се најчестите причини за зголемена појава на влакна на брадата и лицето кај жените:

Генетиката е главниот причинител

Ендокринолозите објаснуваат дека влакненцата на лицето кај жените може да бидат манифестација на менопауза, привремен хормонален дисбаланс или болест. 

Постојат два типа на влакна - велус влакна и термнинални влакна. 

Велус влакната се меки, лесни и ги имаме од раѓање. Како што созреваат, велус влакната може да станат погусти и потемни.

Колку влакна на телото ќе имаме главно зависи од генетиката. 

Терминалните влакна се погусти и имаат потемна бојка, а тоа се трепките, веѓите, косата. 

За време на пубертетот се случуваат хормонални промени, под чие влијание велус влакната стануваат подолги и потемни на некои делови од телото.

vlaknenca-na-bradata-kaj-zenite-zosto-se-pojavuvaat-i-kako-da-gi-otstranite-06.jpg

Влакна на брадата за време на бременост и менопауза

Велус влакната се менуваат под влијание на андрогените хормони и можни се промени на повеќе делови од телото, грбот, стомакот, градите.

За време на бременост, но и менопауза можно е да се појават влакненца на различни делови од телото.

Експертите нагласуваат дека сите овие промени се нормални.

vlaknenca-na-bradata-kaj-zenite-zosto-se-pojavuvaat-i-kako-da-gi-otstranite-08.jpg

Влијание на андрогени хормони

Хирзутизам е претерана појава на влакна кај жените во репродуктивна возраст под влијание на андрогените хормони.

Тогаш е можно да се појават влакненца по лицето на жената, најчесто на ушите, брадата, градите, абдоменот. 

vlaknenca-na-bradata-kaj-zenite-zosto-se-pojavuvaat-i-kako-da-gi-otstranite-07.jpg

Стареење

Влакненцата на брадата кај жените може да бидат дел од процесот на стареење.

Хормоналните промени кои настануваат за време на менопаузата влијаат и на квалитетот на косата, која може да почне и да опаѓа. 

Во случај овие промени да бидат ненадејни и нагло да ви се згуснат влакната, неопходно е да се консултирате со експерти.

vlaknenca-na-bradata-kaj-zenite-zosto-se-pojavuvaat-i-kako-da-gi-otstranite-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg