Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми?
Како се лекува и кои се ризиците доколку не се третира?
Третирањето на синдромот на нервозни црева генерално се фокусира на ублажување на симптомите.
Ако имате благи симптоми, ќе треба да направите промени во исхраната и животниот стил, вклучувајќи:
- Избегнување храна што ги активира симптомите
- Јадење храна богата со хранливи влакна
- Пиење многу течности
- Редовно вежбање
- Одмор
Во зависност од симптомите и вашиот случај, можете да добиете препорака да избегнувате храна која предизвикува гасови и глутен.
Ако имате поизразени симптоми, можно е да треба да пиете и терапија како:
- Суплементи со хранливи влакна
- Лаксативи
- Лекови против дијареја
- Лекови за болка
Постојат и други лекови за овој проблем кои обично се препишуваат кога другите третмани не ги ублажуваат симптомите.
Доколку не се третира, хроничната констипација и дијареја од синдромот можат да предизвикаат хемороиди.
Покрај тоа, може да се намали квалитетот на животот. Според истражувањата, луѓето кои имаат поизразени симптоми многу почесто отсуствуваат од работа поради синдромот.
Истовремено, нетретираниот синдром може да предизвика депресија или анксиозност. Овие ментални нарушувања, пак, ги влошуваат симптомите на синдромот.
Затоа, доколу забележувате симптоми на синдром на нервозни црева, одете на лекар за да го добиете соодветниот третман и да си го подобрите животот.
Може ли да се спречи?
Бидејќи не е познато што точно го предизвикува синдромот, нема ни начин како да ја спречите неговата појава.
Сепак, постојат некои работи кои можат да ви помогнат да ги ублажите симптомите:
- Јадете домашно зготвена храна со свежи состојки секогаш кога можете
- Најдете повеќе време за релаксација
- Вежбајте
- Не прескокнувајте оброци
- Немојте да јадете многу брзо
- Избегнувајте мрсна, зачинета или многу преработена храна
- Не јадете повеќе од три порции овошје дневно
- Не пијте повеќе од три шолји кафе или чај дневно
- Избегнувајте алкохол и газирани пијалаци
- И, најважно, следете ги препораките на вашиот лекар и примајте ја терапијата доколку ви ја препишат
Спирова С. | Црнобело