Во 3 чекори до совршен задник
Проблемите со задникот не познаваат години, а жените со сите пропорции на сите можни начини се обидуваат да ги зацврстат, подигнат и обликуваат...
...со помош на разни козметички препарати, третмани и макотрпни тренинзи.
Решението се крие во три едноставни вежби за кои не мора да трошите пари, а гарантираат одлични резултати.
1. Вежба Легнете на грб со свиткани колена и лесно раширени нозе, рацете поставете ги рамно покрај себе. Истовремено подигнувајте го задникот и десната нога, останете во таа положба неколку секунди па вратете се во првобитната положба. Вежбата повторете ја 10 пати па префрлете се на другата нога.
-->
-->
|
|
-->
|
2. Вежба За оваа вежба добро ќе ви дојде брз ритам кој диктира темпо, затоа пуштете си поттикнувачка музика. Застанете право и направете исчекор наназад.
-->
Тежината преместете ја на задната нога и со енергично движење задната нога подигнете ја со свиткано колено кон напред, па вратете ја во првобитната положба. Вежбата повторете ја во две серии по 10 пати па преминете на другата нога. |
3. Вежба Застанете исправено и направете голем исчекор. Рацете ставете ги на колкови и со потисок кон напред спуштете се така што коленото од задната нога го допре подот. Останете во таа положба неколку секунди па вратете се во првобитната положба. Мускулите на задникот задржете ги затегнати. Вежбата повторете ја по 10 пати со секоја нога. |