10 совети со кои ќе го подобрите изгледот на ноктите (а и маникирот ќе ви трае подолго)

Избегнувајте да користите кремови и масла на рацете пред да правите маникир и немојте дa одите во непроверени салони – на што друго треба да обрнете внимание за да ги заштитите ноктите и да им го подобрите изгледот?

nemojte-sami-da-go-otstranuvate-gelot-i-ushte-9-soveti-so-koi-kje-gi-zashtitite-noktite-i-kje-im-go-podobrite-izgledot-01.jpg

Без разлика дали сами се грижите за вашите нокти или одите во салон, мора да обрнете внимание на некои работи.

Ако самите не ги негувате дланките и ноктите, ни најдобриот козметичар нема да може да ви помогне.

10 совети со кои ќе ги заштитите ноктите и ќе им го подобрите изгледот:

Не ставајте кремови и масла на рацете пред да правите маникир

Неколку часа, а подобро и цел ден пред да правите маникир, избегнувајте да ставате кремови и масла на рацете.

Ако областа околу ноктите е многу мрсна од овие продукти, може значително да го забави процесот на правење маникир.

Покрај тоа, на вашите нокти може да остане мал слој од продуктите. Поради овој слој, гелот, лакот или вештачкиот нокт можат да паднат многу брзо откако ќе ги ставите.

nemojte-sami-da-go-otstranuvate-gelot-i-ushte-9-soveti-so-koi-kje-gi-zashtitite-noktite-i-kje-im-go-podobrite-izgledot-02.jpg

Не ги отстранувајте влакната на стапалата пред педикир

Отстранувањето на влакната со депилација предизвикува мала иритација на кожата и ја прави посклона кон инфекции.

Поради ова, избегнувајте да ги депилирате стапалата пред да правите педикир.

nemojte-sami-da-go-otstranuvate-gelot-i-ushte-9-soveti-so-koi-kje-gi-zashtitite-noktite-i-kje-im-go-podobrite-izgledot-03.jpg

Дури и ако првите маникир во салон, не заборавајте на домашната нега

Козметичарите можат да ви направат совршен маникир, но важно е и вие да водите грижа за ноктите.

Препорачливо е сами да се грижите за кутикулите – еднаш неделно правете купка со топла вода и морска сол. Потоа нежно потиснете ги кон внатре со дрвено стапче за таа намена.

На овој начин значително ќе им ја олесните работата на козметичарите, а и вашиот маникир ќе изгледа многу подобро.

nemojte-sami-da-go-otstranuvate-gelot-i-ushte-9-soveti-so-koi-kje-gi-zashtitite-noktite-i-kje-im-go-podobrite-izgledot-04.jpg

Важно е како ја поставувате дланката во УВ ламбата

Ако самите користите УВ ламба, мора да обрнете внимание на положбата на дланките.

Најпрво, ламбата треба да биде поставена на рамна површина. Покрај тоа, потрудете се зрачењето да биде еднакво врз сите нокти.

Во спротивно, гелот нема да се исуши како што треба, а ова значително ја намалува неговата трајност.

nemojte-sami-da-go-otstranuvate-gelot-i-ushte-9-soveti-so-koi-kje-gi-zashtitite-noktite-i-kje-im-go-podobrite-izgledot-01.jpg

Бидете повнимателни ако имате долги нокти

Веројатно и самите сте свесни за ова, но вреди да се повтори.

Долгите нокти не се практични како кратките и секогаш постои ризик да ги скршите.

Затоа, што и да правите, користете ги врвовите, па и зглобовите на прстите, а не ноктите.

nemojte-sami-da-go-otstranuvate-gelot-i-ushte-9-soveti-so-koi-kje-gi-zashtitite-noktite-i-kje-im-go-podobrite-izgledot-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
„Какви нокти очекував, а какви добив“: Жени споделуваат „хорор“ искуства од салони за маникир Искривени нокти, шкртаници наместо квалитетен дизајн, излупен лак... Жени ги спо...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Завршете го летото со шарен маникир: 25 идеи за нокти во весели бои (фото) Весели и дречливи бои, нокти кои не мора да се совршено налакирани, но ќе бидат ...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg