10 совети со кои ќе го подобрите изгледот на ноктите (а и маникирот ќе ви трае подолго)
За убав педикир, важен е и изборот на чевли
Многу тесните чевли не само што можат да ви го излупат лакот, туку можат да предизвикаат деформитети на стапалата, па дури и појава на сраснати нокти.
Немојте сами да го отстранувате гелот
Ако некогаш сте пробале да го отстраните гелот од ноктите, тогаш знаете дека е вистински предизвик.
Иако е возможно самите да го отстраните гелот, избегнувајте да го правите ова бидејќи можете да ги оштетите вашите нокти.
Немојте да ги миете рацете со жешка вода
Првите неколку денови откако ќе направите маникир, мијте ги рацете само со студена вода.
Потоа можете да користите топла, но никако жешка вода.
Жешката вода ја суши кожата на дланките, но може и да го оштети маникирот.
Заштитете ги дланките кога чистите
Кога го чистите домот или миете садови, препорачливо е да носите гумени ракавици.
На овој начин ќе ги заштитите дланките од штетните хемикалии, а и вашиот маникир ќе трае многу подолго.
Внимавајте кај кого ќе правите маникир и педикир
Избегнувајте да одите во непроверени салони, и тоа не само бидејќи можете да завршите со смешен маникир.
Козметичарите користат алатки со кои можат да ви направат рани на прстите доколку не се искусни.
Спирова С. | Црнобело