„Имам 38 години и седа коса - не ја фарбам веќе 5 години, си се сакам природна“
„Се случува луѓе да ме застанат на улица за да ми кажат дека сум вистинска природна убавица и чувството е прекрасно. Но, нормално има и хејтери – најчесто онлајн“, вели Александра Аразна (38) од Лондон.
Александра Аразна (38) од Лондон, која е мајка на две деца, веќе 5 години не ја фарба својата коса.
Има коса долга до половината и вели дека себеси се смета за убава и покрај тоа што се случува да се соочи со онлајн критики поради природниот изглед.
Вели дека уште кон крајот на 20-тите во косата почнале интензивно да ѝ се појавуваат седи влакна и морала да ја фарба на две седмици, но ѝ здодеало од тоа.
Кога одлучила повеќе да не се фарба и ја пуштила природната коса, таа се соочила со коментари од типот: „Кога ќе почнеш да се фарбаш повторно?“.
На ова таа им одговарала „Нема да почнам и не ми е грижа, јас си се сакам природна.“
Александра за британските медиуми вели:
„Косата сега ми е околу 80 сантиметри и ми е речиси до колковите. И се случува луѓе да ме застанат на улица за да ми кажат дека сум вистинска природна убавица и чувството е прекрасно.“
С. С. | Црнобело