УВ ламбите се штетни и уште 9 митови за нега на нокти кои не се воопшто точни
Ако сакате да ги зајакнете ноктите, купките нема да ви бидат од голема помош. Многу подобро е ако користите масла за таа намена.
Ако сами ги средувате вашите нокти, веројатно досега сте налетале на безброј верувања и теории.
Додека дел од овие теории се вистинити, постојат и оние кои сепак се само митови.
10 митови за нега на нокти во кои не треба да верувате:
Мит 1: Јадењето млечни продукти ќе ви помогне да ги отстраните белите точки на ноктите
Иако постои верување дека белите точки на ноктите се појавуваат поради недостаток од калциум, ова не е потполно точно.
Во ретки случаи, белите точки можат да бидат резултат на недостаток од одредени витамини или минерали, како калциум или цинк, но тогаш би чувствувале и други симптоми поврзани со оваа состојба.
Најчесто белите точки се јавуваат поради повреда на ноктот, некаква алергиска реакција или габична инфекција.
Мит 2: Ноктите треба да имаат кружна форма
Ако имате меки и кршливи нокти, не е препорачливо да ги сечете и стругате со турпија во кружна форма, бидејќи само ќе им ја влошите состојбата.
Ноктите ќе бидат многу поцврсти ако бидат рамни.
Мит 3: Не треба да ги отстранувате кутикулите
Кутикулите се всушност мртва кожа и сосема во ред е да ги отстраните или потиснете кон внатре.
Единствено треба да бидете внимателни да не се повредите и да не предизвикувате крвавење додека ги средувате.
Мит 4: Купките можат да ги зајакнат ноктите
Ако сакате да ги зајакнете ноктите и генерално да има ја подобрите состојбата, ќе постигнете многу подобри резултати со масла за нокти и кутикули.
Мит 5: Лакот за нокти ќе трае подолго ако го чувате во фрижидер
Нема како да го продолжите рокот на триење на лакот за нокти и кога-тогаш тој ќе се исуши.
Чувањето во фрижидер може дури и да му ја промени текстурата.
Кога станува збор за складирање на лакот за нокти, единствено треба да го чувате настрана од директна сончева светлина.