10 повозрасни славни дами со младешки изглед - која е нивната тајна?
Џулиен Мур – 61 година
Како Никол Кидман, и Џулиен Мур не носи шминка кога не е на важен настан и секој ден става крем со заштитен фактор.
За да ја избегне подуеноста, пак, речиси воопшто не јаде храна со многу сол.
За младешкиот изглед на лицето оди на масажи, но истакнува дека вежба јога и медитира, а ова дополнително ѝ помага.
Софија Вергара – 50 години
Софија Вергара неколкупати има изјавено дека воопшто не сака да вежба, но сепак го прави тоа за нејзиното здравје, но и за изгледот.
Таа настојува да се храни здраво и вели дека целосно избегнува црвено месо.
Џенифер Гарнер – 50 години
Покрај заштитните кремови за лице, актерката има откриено дека најчесто користи серум со ретинол кој може да ја намали појавата на брчки.
Таа вели дека пробува да се справи со стресот со вежбање, а ова дефинитвно ѝ влијание врз младешкиот изглед.
Кога станува збор за исхраната, најчесто јаде овошје и зеленчук.
Џенифер Лопез – 53 години
Пејачката има изјавено дека се чувствува како 20-годишна девојка, а можеме да кажеме и дека изглед така.
За Џеј Ло е познато дека сака да вежба и да танцува.
Кога станува збор за нега на лице, таа смета дека квалитетниот сон, заштитниот крем и серумите се нејзиниот најдобар пријател.
Пенелопе Круз – 48 години
Пенелопе Круз избегнува мрсна и блага храна, а ова ѝ помага да ја одржи линијата.
Таа смета дека стресот може да биде причина за појава на брчки, па затоа вежба јога и медитира.
Спирова С. | Црнобело