Најчестите грешки поради кои домашниот маникир ви е неуспешен
Не го отстранувате вишокот лак од четката
Не треба да нанесувате голема количина лак одеднаш бидејќи многу полесно ќе направите грешка, а и многу дебелиот слој нема да се исуши како што треба.
Затоа, отстранувајте го вишокот лак од четката.
Користите метално стапче за кутикули
Освен ако не сте професионалец, избегнувајте да користите метални стапчиња за кутикули бидејќи постои опасност да ги оштетите ноктите или кожата.
Наместо тоа, набавете си дрвено стапче.
Ја држите дланката во воздух кога ги лакирате ноктите
За да не направите грешка, поставете ја дланката на тврда и рамна површина додека се лакирате.
Премногу ги стругате ноктите со турпијата
Турпија е навистина ефикасна, но сепак малку ги оштетува ноктите.
Затоа избегнувајте да ги кратите ноктите со турпија, туку користете ја само за обликување, и тоа што е можно поретко.
Нанесувате само еден слој лак
Мора да нанесете барем два слоја од лакот ако сакате да изгледа добро.
Притоа, важно е да чекате едниот слој да се исуши пред да го нанесете другиот.
Спирова С. | Црнобело