Носете облека со впечатливи бои и уште 7 совети за беспрекорен изглед со седа коса

Истакнете ги веѓите, дајте му предност на сребрениот накит и ако косата ви е многу сува, почнете да користите масла.

nosete-obleka-so-vpechatlivi-boi-i-ushte-7-soveti-za-besprekoren-izgled-so-seda-kosa-01.jpg

Ако порано од незнаење луѓето ја поврзувале седата коса со старост, денес е добро познато дека косата може да стане бела уште во младоста.

Ако имате седа коса, без разлика на вашата возраст, и не сакате да ја криете, сигурно ве интересираат триковите и советите кои ќе ви помогнат да изгледате беспрекорно со неа.

Неколку вакви совети во продолжение:

Обрнете внимание на бојата на веѓите

Веѓите можат да направат огромна промена во изгледот, па не треба да ги запоставите. Со текот на времето можно е и веѓите да добијат седа боја, а со тоа да не се познаваат многу.

За да ги истакнете, доволно е само малку да ги дефинирате со моливче, гел, па дури и сенка за очи.

Кога станува збор за бојата, потрудете се да биде што е можно поблиску до вашата природна боја. Односно, ако природно имате многу светли веѓи, дефинирајте ги со светлокафеава боја. Ако природно имате темни веѓи, користете темнокафеава боја.

nosete-obleka-so-vpechatlivi-boi-i-ushte-7-soveti-za-besprekoren-izgled-so-seda-kosa-02.jpg

Внимателно избирајте ја бојата на облеката

Поради контрастот што се создава, седата боја на косата ќе направи светлите бои да ви стојат многу добро.

nosete-obleka-so-vpechatlivi-boi-i-ushte-7-soveti-za-besprekoren-izgled-so-seda-kosa-03.jpg

Нанесувајте масла и продукти за сува коса

Седата коса има поразлична структура и може да биде многу посува и покршлива.

Затоа препорачливо е да користите масло за коса еднаш неделно пред миење. Ако имате премногу сува коса, истражете и купете некој продукт за оваа намена.

nosete-obleka-so-vpechatlivi-boi-i-ushte-7-soveti-za-besprekoren-izgled-so-seda-kosa-04.jpg

Дајте му предност на сребрениот накит

Сребрениот накит изгледа особено добро кај жени со седа коса.

Истото важи и за накит со скапоцени камења кои имаат впечатлива боја, како сина или црвена.

nosete-obleka-so-vpechatlivi-boi-i-ushte-7-soveti-za-besprekoren-izgled-so-seda-kosa-05.jpg

Променете ја фризурата

Ако забележите дека косата ви станала многу сува или кршлива, можеби ќе треба да се откажете од многу долгата коса.

Не значи дека ќе мора да ја потстрижувате многу кратко, но скратете ја барем до рамената и ќе изгледа многу подобро и поздраво.

nosete-obleka-so-vpechatlivi-boi-i-ushte-7-soveti-za-besprekoren-izgled-so-seda-kosa-06.jpg

Нијансирајте ја косата кога ќе почне да ви побелува

Ако забележите дека голем дел од косата ви побелува, или ако сакате да престанете да се фарбате, со текот на времето ќе почнат да се познаваат новите корени.

Лесно можете да го избегнете ова ако ја нијансирате косата со бои слични на вашата седа коса. Потоа можете да ја оставите да порасне без да мора да ја фарбате или кратите. 

nosete-obleka-so-vpechatlivi-boi-i-ushte-7-soveti-za-besprekoren-izgled-so-seda-kosa-07.jpg

Освежете ја бојата со фарба

Ако не ви се допаѓа бојата на седата коса, но сепак не сакате да ја менувате, можете да ја освежите со фарба со сива нијанса.

nosete-obleka-so-vpechatlivi-boi-i-ushte-7-soveti-za-besprekoren-izgled-so-seda-kosa-08.jpg

Истакнете ги очите

Доволно е да ставите само ајлајнер и малку маскара за да ги истакнете очите.

Ако сакате да се нашминкате повеќе, со седата коса одлично изгледаат сиви и бели сенки за очи, но и сенки со топли нијанси.

nosete-obleka-so-vpechatlivi-boi-i-ushte-7-soveti-za-besprekoren-izgled-so-seda-kosa09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg