Екстензии за коса со шнола и уште 5 предмети за нега и убавина кои не вреди да ги купувате

Ако имате долга коса, веројатно постојано ја собирате со ластиче, особено кога времето е топло. Но, најдобро избегнувајте да користите „обични“ ластичиња бидејќи многу ја стегаат косата и можат да ги искинат влакната. Наместо нив, купете си неколку меки, волуменозни стегачи кои периодов се и модерни.

ekstenzii-za-kosa-so-shnola-i-ushte-5-predmeti-za-nega-i-ubavina-koi-ne-vredi-da-gi-kupuvate-01.jpg

Кога станува збор за нега и убавина, покрај продуктите користиме и секакви предмети – од виклери и чешел за коса, сè до четки за шминкање.

Додека повеќето вакви предмети се навистина ефикасни, а неретко и неопходни, за некои навистина не вреди да даваме пари.

Дел од нив во продолжение:

Екстензии за коса со шнола

Ако сакате да ставите надградба на коса, секогаш е подобро да одите во салон за да ви стават трајни екстензии.

Екстензиите со шноли скоро секогаш се со лош квалитет, а и треба да бидете навистина умешни за да ги наместите правилно.

Но, имајте на ум дека и трајните екстензии можат да предизвикаат проблеми – можат да ја оштетат вашата коса и да предизвикаат дополнителен притисок на скалпот, а со тоа и болка.

ekstenzii-za-kosa-so-shnola-i-ushte-5-predmeti-za-nega-i-ubavina-koi-ne-vredi-da-gi-kupuvate-02.jpg

Виклери со велкро

Виклерите се одличен начин да ја навиткате косата без да ја третирате со топлина.

Но, по секоја цена избегнувајте ги виклерите со велкро. Бидејќи косата лесно се заплеткува во нив, можете многу да ја оштетите додека ги вадите.

ekstenzii-za-kosa-so-shnola-i-ushte-5-predmeti-za-nega-i-ubavina-koi-ne-vredi-da-gi-kupuvate-03.jpg

Метални шноли

Пробајте да ги избегнувате шнолите со метални запци.

Покрај тоа што се потешки и можат да предизвикаат болка, бидејќи се метални можат полесно да ја оштетат и косата, и скалпот.

Пластичните, па и дрвените шноли се многу подобар избор.

ekstenzii-za-kosa-so-shnola-i-ushte-5-predmeti-za-nega-i-ubavina-koi-ne-vredi-da-gi-kupuvate-04.jpg

Стегачи

Не треба да ги исфрлите стегачите од употреба, но пробајте да им дадете предност на оние меките.

„Обичните“ стегачи многу ја стегаат косата, но и ја кинат.

Од друга страна, меките стегачи кои се хит периодов нема да направат скоро никаква штета на вашата коса.

ekstenzii-za-kosa-so-shnola-i-ushte-5-predmeti-za-nega-i-ubavina-koi-ne-vredi-da-gi-kupuvate-05.jpg

Пластичен чешел или четка за коса

Најголемиот проблем со којшто ќе се соочите ако користите пластичен чешел е електрицитетот. Ова е особено изразено во зима.

Поради материјалот од којшто се изработени, со дрвените чешли и четки за коса нема да го имате овој проблем.

ekstenzii-za-kosa-so-shnola-i-ushte-5-predmeti-za-nega-i-ubavina-koi-ne-vredi-da-gi-kupuvate-06.jpg

Конец за заби со пластичен држач

Пластичниот држач нема апсолутно никаква улога и само создава пластичен отпад. Покрај тоа, неретко конецот за заби спакуван на овој начин е и многу поскап.

Сосема доволно е да купите конец за заби во вообичаена амбалажа од која можете да го кинете по потреба.

ekstenzii-za-kosa-so-shnola-i-ushte-5-predmeti-za-nega-i-ubavina-koi-ne-vredi-da-gi-kupuvate-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
7 бои на коса кои ќе бидат хит во 2024-та Во 2024-та хит ќе бидат суптилните бои на коса кои изгледаат автентично, наспрот...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg