Ситници во изгледот што никогаш не треба да влијаат врз вашата самодоверба

Ако мислите дека имате широки глуждови, бидете сигурни дека не ги забележува никој друг освен вие самите.

sitnici-vo-izgledot-shto-nikogash-ne-treba-da-vlijaat-vrz-vashata-samodoverba-01.jpg

Познатите жени, но и социјалните мрежи во голема мера влијаат врз нашата самодоверба.

Речиси и да нема девојка или жена која не го споредувала својот изглед, а кога се прави споредба со нешто што е нереално, секако дека самодовербата страда.

Подочниците, широките нозе и забите кои не се совршено бели се сосема нормална појава, што значи не треба да дозволите да влијаат врз вашата самодоверба.

Ситници во изгледот за кои не треба воопшто да се грижите:

Заби што не се совршено бели

Блескавата холивудска насмевка на славните нè тера да мислиме дека сите треба да имаме совршено бели заби.

Во реалноста, сосема нормално е вашите заби да имаат жолта нијанса и ретко кој се раѓа со совршено бели заби.

sitnici-vo-izgledot-shto-nikogash-ne-treba-da-vlijaat-vrz-vashata-samodoverba-02.jpg

Темни дамки под пазувите

Темните дамки под пазувите воопшто не се знак за лоша хигиена.

Потемнувањето на кожата во оваа област е нормална појава со која се соочува голем дел од населението.

Некогаш оваа појава може да биде наследна или да зависи од тенот на кожата – оние со потемна кожа почесто се соочуваат со неа.

sitnici-vo-izgledot-shto-nikogash-ne-treba-da-vlijaat-vrz-vashata-samodoverba-03.jpg

Вдлабнатини на колковите

Немојте да ја споредувате формата на вашите колкови со онаа на познатите жени. Малите вдлабнатини се нормална појава и зависат од формата на вашето тело.

sitnici-vo-izgledot-shto-nikogash-ne-treba-da-vlijaat-vrz-vashata-samodoverba-04.jpg

Широки нозе

Уште еден детаљ што нема потреба да ја руши вашата самодоверба.

Едноставно, некои жени имаат слаби нозе, а некои пошироки. Ова зависи од градбата на телото и само затоа што имате пошироки нозе не значи дека имате вишок килограми.

sitnici-vo-izgledot-shto-nikogash-ne-treba-da-vlijaat-vrz-vashata-samodoverba-05.jpg

Тенки и/или кратки веѓи

Иако денес густите веѓи се најпосакувани, воопшто не треба да ве загрижува ако имате потенки, па дури и пократки веѓи бидејќи и тие можат да изгледаат одлично.

sitnici-vo-izgledot-shto-nikogash-ne-treba-da-vlijaat-vrz-vashata-samodoverba-06.jpg

Недефинирана половина

Некои жени имаат тенка половина, дури и со вишок килограми, а некои имаат поширока, дури и кога се слаби.

Па, нема ништо погрешно без разлика во која категорија спаѓате.

sitnici-vo-izgledot-shto-nikogash-ne-treba-da-vlijaat-vrz-vashata-samodoverba-07.jpg

Широки глуждови

Ако мислите дека вашите глуждови се многу широки, бидете сигурни дека никој не го забележува ова освен вие самите.

sitnici-vo-izgledot-shto-nikogash-ne-treba-da-vlijaat-vrz-vashata-samodoverba-08.jpg

Точки на нозете

Малите црвени точки на нозете се нормална појава по депилација или бричење. Што значи, нема зошто да се срамите од нив.

sitnici-vo-izgledot-shto-nikogash-ne-treba-da-vlijaat-vrz-vashata-samodoverba-09.jpg

Темни подочници

И темните подочници се нормална појава. Никој нема рамномерен тен на лицето и кај некои луѓе се познаваат темни подочници без разлика што се одморени и водат добра грижа за себе.

sitnici-vo-izgledot-shto-nikogash-ne-treba-da-vlijaat-vrz-vashata-samodoverba-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Животински принт и кафеави нијанси за совршен есенски маникир (фото) Светли или темни тонови, шпиц или рамни нокти и по некој украс со животински при...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
18 жени кои целосно се трансформираа откако ја сменија фризурата (фото) Дали сте од оние жени кои често ја менуваат фризурата и бојата на косата, или по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg