Коса со боја на праска – впечатлива нијанса, идеална за летните денови (фото)
Оваа боја е мешавина од розова и портокалова и е идеална за топлите летни денови.
Исто како со бојата на облеката, во лето сакаме и „посвежа“ боја на косата. Ова е период кога доминираат светлите нијанси кои можат да изгледаат особено добро со исончан тен.
Но, ако ви здодеа русата коса, но не сакате некоја голема промена, можеби треба да го пробате новиот летен хит – коса со боја на праска.
Оваа боја е мешавина од портокалова и розова и можете лесно да ја добиете ако веќе имате светла коса. Според вашиот вкус, може да доминираат розовите или портокаловите нијанси.
Истовремено, можете да си поиграте и со неколку различни нијанси за уште повпечатлив изглед.
Неколку фотки за инспирација:
https://www.instagram.com/p/CZZ4SYXKIff/
Спирова С. | Црнобело