Трикови за зголемување на очите кои ги користат најискусните шминкери
Кога се шминкаме, од особена важност е да бидеме свесни за нашата физиономија. Не затоа што нешто ни недостасува, туку затоа што треба да знаеме што и како треба да правиме за шминката да има добар ефект.
На пример, smokey eyes секогаш ќе изгледаат поубаво и поефективно на големите очи. Малите очи бараат навистина повеќе внимание и треба да знаете што правите, односно како да ја прилагодите целата шминка.
Секако, тоа во никој случај не значи дека треба да се откажете од шминката, туку само дека треба да се запознаете со одредени техники и трикови.
Имено, постојат неколку трикови кои искусните шминкери ги користат за да ги зголемат очите. Во продолжение за вас издвоивме три, чиј ефект со сигурност е неминовен:
Набавете моливче во пудра нијанса
Постои заблуда дека сите моливчиња се користат за исцртување линија на очните капаци, што во суштина е далеку од вистината. На пример, таканаречените nudе нијанси можат да ги отворат очите и да направат окото да изгледа поголемо отколку што е.
Затоа, задолжително набавете ајлајнер во пудра нијанси и искористете го за исцртување на внатрешната линија на долниот очен капак. Резултатот е неизбежен.
Слободно размачкајте
Не грижете се, нема потреба прецизно да се исцртаат сите линии на окото. Ако имате помали очи, слободно размачкајте ја линијата со моливче.
За да постигнете подобар ефект, исцртајте го долниот капак со молив точно по линијата на трепките. Потоа на надворешните агли на окото размачкајте ја сенката и моливчето. Окото веднаш ќе изгледа поголемо, а вие ќе бидете позадоволни.
Сенчањето е магија
Дефинираната линија која речиси секогаш ја правите со помош на моливчето или тушот може дополнително визуелно да го намали вашето око. Затоа, со помош на сенките сенчајте колку што можете повеќе.
Најпрво, навлажнете ја четката со којашто ја нанесувате сенката, а потоа нанесете ја онака како што нанесувате моливче или туш. На овој начин ќе добиете ефект на поголеми очи. За да постигнете подобар визуелен изглед, наместо црна боја користете кафени нијанси.
Мила М. | Црнобело