Бонтон правила за убавина и изглед кои вистинските дами никогаш не ги прекршуваат
Грешка бр. 1 - Пренападен парфем нанесен секунда пред да влезете во просторија. Грешка бр. 2 - Коригирање на шминка на маса во локал.
Вистинските дами секогаш излегуваат од дома средени од глава до пети, но знаат и дека не смеат да претераат со корекција на кармин, со дозата на парфем и што воопшто да не прават кога се во друштво на луѓе.
Доколку не ги знаете, време е да научите бонтон правила кога станува збор за убавина и изглед:
Правилно бирање и користење на парфем
- Ако не сте стигнале да ставите парфем дома, не ставајте на јавно место, туку на пример во автомобил или во тоалет.
- Доколку не постои таква опција, наместо да прскате со парфем, имајте во вас парфем во вид на рол-он и намачкајте без да биде забележително.
- Парфемите се менуваат сезонски – лесни ароми за пролет, освежителни за лето, а богати и слатки за зима.
- Ако не си го чувствувате парфемот на себе по одреден период, не нанесувајте одново без да проверите дали навистина не мириса, за да не претерате.
- Кога одите на состанок или на работа, не ставајте силни парфеми, посебно не пред да влезете во просторијата, со цел да не биде нападен мирисот за останатите.
Правилно нанесување шминка за на работа
- Вештачките трепки за на работа не се најдобар избор, па дајте ѝ предност на маскарата и не ставајте повеќе слоеви за да не ви се залепат трепките.
- Не ги обојувајте нападно веѓите, посебно доколку не сте многу вешти во тоа, за да не изгледате смешно и нападно, плус да не се размачкате додека сте во канцеларија.
- Ако сакате да ги нагласите очите за на работа, доволна е тенка линија во комбианција со понеутрална боја на сенка, наместо црна, дебела линија во комбинација со темни сенки.
- Одберете кармин во светла и неутрална боја кога имате динамичен распоред на работа, за да не мора да се грижите дали темниот кармин ви се размачкал.
Правилно нанесување и коригирање дневна шминка
- Ако ставате нежен кармин или сјај на усните во ред е да го направите тоа во јавност, но ако треба да ја коригирате пудрата или шминката на очите, одете во тоалет.
- Лакирање на нокти во угостителски објект или на работа не е прифатливо – мирисот на лак не е пријатен за никого, а и на оваа активност ѝ е место дома или во козметички салон.
- Чешлање или фаќање на косата во опавче е дозволено само во тоалет, без разлика колку внимавате или ви е кратка косата, влакно секогаш може да заврши на погрешно место, а бидете внимателни дури и во тоалет и средете го нередот.
Правилен избор на маникир ако работите во канцеларија
- Избегнувајте да чувате долги нокти и не претерувајте со силни, сјајни или шарени бои – изберете кратка или средна должина и неутрална боја за лакирање.
- Доколку користите лак за нокти во боја, секогаш носете го истиот во чанта, за да може да го коригирате доколку ви се излупи додека сте на работа (тоа правете го во тоалет).
- 3Д пеперутките, шарите како фламинга, еднорози, срциња и слично оставете ги за на одмор, а не за на работа каде привлекуваат непотребно внимание, доколку работите во сериозна установа.
М. М. | Црнобело