Како да „спасите“ скршена сенка за очи и уште 7 трикови со кои ќе им дадете втор живот на продуктите за убавина

Ако ви останале неколку капки парфем, додајте ги во лосион за тело со слаб мирис и ќе имате лосион кој мириса на вашиот омилен парфем.

kako-da-spasite-skrshena-senka-za-ochi-i-ushte-7-trikovi-so-koi-kje-im-dadete-vtor-zhivot-na-produktite-za-ubavina-01.jpg

Знаевте ли дека можете да го спасите скршениот кармин? А, знаевте ли дека можете максимално да ја искористите пудрата за лице, вклучувајќи ги и остатоците што се залепени на шишенцето?

Во продолжение неколку трикови со кои ќе им дадете втор живот на продуктите за убавина:

Искористете ја и последната капка парфем

Ако во шишенцето останале само неколку капки парфем, немојте да го фрлате.

Наместо тоа, додајте го во лосион за тело со послаб мирис и ќе имате лосион кој мириса како вашиот омилен парфем.

kako-da-spasite-skrshena-senka-za-ochi-i-ushte-7-trikovi-so-koi-kje-im-dadete-vtor-zhivot-na-produktite-za-ubavina-02.jpg

Максимално искористете ја пудрата за лице

Ако во шишенцето има малку пудра која е практично невозможно да ја искористите, внатре додајте малку од вашиот хидратантен крем и добро промешајте.

Оваа мешавина можете да ја користите како пудра со помала покриеност.

kako-da-spasite-skrshena-senka-za-ochi-i-ushte-7-trikovi-so-koi-kje-im-dadete-vtor-zhivot-na-produktite-za-ubavina-03.jpg

Како да ја исчистите камената пудра?

Постои навистина едноставен трик со кој ќе ги отстраните нечистотиите од камената пудра – со трака селотејп.

kako-da-spasite-skrshena-senka-za-ochi-i-ushte-7-trikovi-so-koi-kje-im-dadete-vtor-zhivot-na-produktite-za-ubavina-04.jpg

Како да ја спасите скршената сенка?

Нема потреба да ја фрлате скршената сенка. Наместо тоа, издробете ја во нејзината амбалажа, додајте 1-2 капки алкохол (околу 90%), па со лажичка втиснете ја сенката во амбалажата.

На крај соберете го вишокот течност со тоалетна хартија и оставете ја да се исуши неколку часа.

Истиот трик можете да го користите и за руж, пудра и слични продукти.

kako-da-spasite-skrshena-senka-za-ochi-i-ushte-7-trikovi-so-koi-kje-im-dadete-vtor-zhivot-na-produktite-za-ubavina-05.jpg

Спасете го засушениот туш

Лесно можете да го вратите тушот за очи во живот – оставете го 15-тина минути во жешка вода.

kako-da-spasite-skrshena-senka-za-ochi-i-ushte-7-trikovi-so-koi-kje-im-dadete-vtor-zhivot-na-produktite-za-ubavina-06.jpg

Скршен кармин

Со овој трик карминот нема да изгледа најдобро, но барем ќе можете да го користите.

Малку загрејте до долниот дел на скршеното парче, па залепете го на амбалажата.

Можете малку да му ја средите формата со лажица или некоја слична алатка и оставете го да се стврдне.

kako-da-spasite-skrshena-senka-za-ochi-i-ushte-7-trikovi-so-koi-kje-im-dadete-vtor-zhivot-na-produktite-za-ubavina-07.jpg

Трик за максимално користење на карминот

Кога ќе стигнете до основата на карминот, ќе забележите дека внатре има уште кармин, но кој не можете да го употребите оригиналната амбалажа.

Но, можете да го извадите, да го стопите во лажица и да го ставите во мал пластичен сад. Со ова ќе си направите кармин кој се нанесува со четка.

kako-da-spasite-skrshena-senka-za-ochi-i-ushte-7-trikovi-so-koi-kje-im-dadete-vtor-zhivot-na-produktite-za-ubavina-08.jpg

Засушен лак

Ако не можете да го отворите шишенцето лак, прво потопете го во жешка вода неколку минути. Потоа завиткајте го капачето со гумен ластик за да можете да го фатите поцврсто и отворете го.

kako-da-spasite-skrshena-senka-za-ochi-i-ushte-7-trikovi-so-koi-kje-im-dadete-vtor-zhivot-na-produktite-za-ubavina-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали кои не ги забележувате во изгледот, но поради нив делувате неуредно Темни траги на прстите од прстените, неразмачкана пудра, остатоци од долготраен ...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg