7 навики на девојките со мазна кожа, без целулит
Во зимскиот период сите имаат навики за кои се каат на почетокот од летото кога треба да облечат бикини и кратки парчиња облека. Во кои навики се „колнат“ девојките со мазна кожа, без целулит? Треба да почнете да ги практикувате уште веднаш...
За да не паничите во последен момент, важно е да го смените животниот стил и да практикувате одредени навики во текот на цела година.
3-неделната диета или анти-целулитната масажа пред одмор нема да направат магија како што очекувате, тоа е процес и треба да се негува.
Девојките со мазна кожа без нерамнини го знаат ова и се држат до одредени правила – кои се тие?
Здрава исхрана
Целулитот нема да исчезне ако само ослабете, важно е да се храните здраво постојано и да внесувате здрави протеини, масти и свежи намирници.
Месо, јајца, јаткасти плодови, спанаќ, домати, грејпфрут, риба, авокадо се дел од намирниците кои треба да ги консумирате.
Редовно пиење вода
Препорачливо е да внесувате од 1.5 до 2 литри вода на ден (кафето, чајот и другите пијалаци не се вклучени во оваа количина, тие се како додаток течности на водата).
Редовно вежбање
Освен здравата исхрана, од клучно значење е и физичката активност. Ако сакате тонирано тело без нерамнини важно е да согорувате калории, но наместо вежбање со тежина, практикувајте повеќе трчање, чучнувања, скокање на јаже, аеробик и слично.
Масажа на цело тело
За мазна и негувана кожа, девојките практикуваат професионална масажа со есенцијални масла, наменски анти-целулитни масажи, како и редовна домашна масажа со четка или друга алатка за масажа.
Пилинг
Иако аплицирањето креми и млека за тела помага за циркулација и мазна кожа, сепак не е доволно за да се случи чудо.
Пилингот е идеален за отстранување на слојот од мртви клетки, подобрување на циркулацијата и забрзување на метаболизмот, а со тоа и ослободување од нерамнините на кожата.
Девојките „се колнат“ во пилингот од кафе и морска сол како алатка против целулитот.
Туширање со силен млаз
Иако топлите купки во када полна со вода се релаксирачки, сепак туширањето со силен млаз помага за подобра циркулација на крвта и стимулирање на метаболизмот и измазнување на кожата.
Насочете го млазот кон проблематичните делови на далечина од 10cm и масирајте со кружни движења.
Сауна
Високите температура во сауна го подобруваат протокот на крв и лимфа, со што кожата станува помазна, се чисти од маснотии, а еластичноста се враќа во нормала.
Напомена: Овие навики може да ви донесат резултати ако ги практикувате заедно, а не една по една, и тоа на подолг временски период. Не очекувајте да се случи магија преку ноќ.
М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com