Го миете лицето со сапун и уште 9 лоши навики за убавина кои треба да ги заборавите

Ги гризете усните

Ова е навика што ја имаат многумина и обично е предизвикана од стрес.

Ако и вие постојано ги гризете усните, не треба да ви ги објаснуваме негативните последици ова.

За да се ослободите од оваа навика, пробајте да го регулирате нивото на стрес, а од голема помош ќе ви бидат и гумите за џвакање.

go-miete-liceto-so-sapun-i-ushte-9-loshi-naviki-za-ubavina-koi-treba-da-gi-zaboravite-07.jpg

Претерувате со пилинзи и третмани

Користењето многу продукти и третмани може да има спротивен ефект од посакуваниот.

Важно е да ја негувате кожата, но не треба да претерате.

Сосема доволно е да правите нежен пилинг еднаш неделно, а да го миете лицето само наутро и навечер.

go-miete-liceto-so-sapun-i-ushte-9-loshi-naviki-za-ubavina-koi-treba-da-gi-zaboravite-08.jpg

Користите шминки и продукти со поминат рок

Рокот на траење на продуктите за убавина е обележан со причина и препорачливо е да го почитувате.

Откако ќе им помине рокот на овие продукти, им се намалува ефикасноста, а можат да ви предизвикаат и секакви иритации.

go-miete-liceto-so-sapun-i-ushte-9-loshi-naviki-za-ubavina-koi-treba-da-gi-zaboravite-09.jpg

Ретко одите на фризер

Дури и ако сакате да ја пораснете косата, препорачливо е да ја потстрижувате на секои 2-3 месеци бидејќи влакната ќе почнат да пукаат.

go-miete-liceto-so-sapun-i-ushte-9-loshi-naviki-za-ubavina-koi-treba-da-gi-zaboravite-10.jpg

Нанесувате крем со заштитен фактор само во лето

Штетните УВ зраци се присутни и во зима, па важно е да ја заштитите кожата и во овој период од годината.

Дерматолозите препорачуваат да нанесувате заштитен крем дури и кога времето е облачно.

Не заборавајте дека овие кремови ја штитат кожата и од предвремено стареење.

go-miete-liceto-so-sapun-i-ushte-9-loshi-naviki-za-ubavina-koi-treba-da-gi-zaboravite-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Колкаво количество продукти за убавина треба да користите, според експерти Кога нанесувате крем со фактор, важно е да го прекриете цело лице, а за ова ќе в...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg