Го миете лицето со сапун и уште 9 лоши навики за убавина кои треба да ги заборавите
Иако мицеларната вода отстранува голем дел од шминката, таа не овозможува темелно чистење на лицето. Затоа, важно е да го измиете отпосле и со друго средство за чистење лице погодно за вашата кожа.
Дури и ако редовно ја следите вашата рутина за убавина, ако правите некои грешки, целиот труд ќе ви биде залуден.
Постојат неколку лоши навики за убавина што ги имаат скоро сите, а во продолжение погледнете кои се најчестите:
Си легнувате без да го измиете лицето
Никако немојте да си легнувате со шминка – додека спиете, шминката може да ги затне вашите пори и да ви предизвика акни, митесери, иритации и бројни други проблеми.
А, дури и ако не сте нашминкани, препорачливо е пред спиење да го измиете лицето за да ги отстраните сите нечистотии што се акумулирале во текот на денот.
Користите сапун наместо специјално средство за миење лице
Има причина зошто постојат специјални средства за миење лице. Сапуните за раце не се погоди за кожата на лицето бидејќи се „груби“ и можат да ја исушат.
Затоа, секогаш мијте го лицето со средство со таа намена.
Не ги миете рацете пред да го исчистите лицето
Рацете се највалканиот дел од нашето тело бидејќи со нив допираме сè.
Затоа, осигурете се дека прво ќе ги измиете рацете пред да почнете да го чистите лицето.
Користите домашни маски
Ако имате проблематична кожа, не е препорачливо да користите домашни маски.
Најпрво, никогаш не знаете со сигурност што точно има на состојките што ги користите. Можеби, на пример, во кафето има додадено состојка што е безбедна за пиење, но не е погодна за вашето лице.
Па, ако си направите домашен пилинг од тоа кафе, можете да си создадете проблеми.
Истовремено, многу природни состојки можат да ја иритираат кожата – лимонот е многу кисел, јајцата можат да предизвикаат иритации…
Поради ова, најдобро држете се до продукти кои се проверени од дерматолози.
Ја вадите шминката само со мицеларна вода
Иако мицеларната вода отстранува голем дел од шминката, таа не овозможува темелно чистење на лицето.
Препорачливо е откако ќе ја отстраните шминката со овој продукт, да го измиете лицето со гел или средство што ви одговара вам.