Трикови со кои познатите дами изгледаат како „фотошопирани“ на црвениот тепих – сигурно ќе ви се најдат и вам
Најважните работи во чанта
За да бидат подготвени за секоја незгода, познатите дами често ги носат најважните работи, како игла и конец, во нивната чанта.
Шмиргла против лизгање на чевлите
Неретко чевлите со високи потпетици се лизгаат многу лесно, но познатите дами имаат решение и за овој проблем.
Едноставно, на ѓонот на чевлите ставаат парче шмиргла.
Подготовките почнуваат неколку недели порано
Пред важен настан, познатите жени почнуваат со построги тренинзи со цел да изгледаат што е можно подобро на црвениот тепих.
Неретко и целосно го исфрлаат шеќерот од исхраната на период од недела-две за да им се подобри состојбата на кожата.
Затегнување на половината со лента
Ако носат корсет или комбинација што ја истакнува половината, многу славни жени ја затегнуваат половината со лента.
Овој трик визуелно ја намалува половината, па комбинацијата може да изгледа многу подобро.
Спирова С. | Црнобело