Трикови со кои познатите дами изгледаат како „фотошопирани“ на црвениот тепих – сигурно ќе ви се најдат и вам
Ако носат тесна облека, многу славни жени носат мидер, а некогаш и по два. Познатите жени секогаш изгледаат беспрекорно на црвениот тепих и тешко дека некогаш ќе забележите некој пропуст.
Познатите жени секогаш изгледаат беспрекорно на црвениот тепих и тешко дека некогаш ќе забележите некој пропуст.
Но, и тие се само луѓе, па користат многу трикови за да создадат илузија на совршеност.
Во продолжение дел од нивните трикови што можеби ќе ви се најдат и вам:
Хулахопки за отстранување дамки од дезодоранс и антиперспирант
Дамките од дезодорансите и антиперспирантите можат да го уништат вашиот изглед, особено ако носите црна облека која ги истакнува.
За да го решите овој проблем, само протријте ја дамката со обични хулахопки и веднаш ќе ја отстраните.
Специјална долна облека
Кога носат облека којашто е залепена на телото, познатите дами носат специјална долна облека, како на фотографијата десно.
Оваа долна облека се лепи на кожата и не се познава, а притоа ги заштитува гениталиите.
Еден мидер не е доволно
Ако се прашувате како Ким Кардашијан или која било друга жена изгледа како да нема воопшто масти на телото, одговорот е мидер, и тоа не еден.
Ким самата има откриено дека за важни настани облекува по два мидери за да ја доведе фигурата до совршенство.
Силиконски градници
Проѕирните фустани или оние што ги откриваат рамениците и грбот ќе изгледаат ужасно ако ги облечете со обичен градник.
Наместо тоа, познатите жени носат силиконски градници кои се лепат на градите и најчесто се со боја на кожа, па не се познаваат воопшто.