Фото-споредби од познатите дами – зошто е важна формата на лицето за секоја фризура?
Кортни Кардашијан
И Кортни има лице во форма на срце, па и неа одлично ѝ стои долгата коса со патец на страна.
Сара Џесика Паркер
Ако имате издолжено лице, избегнувајте ги залижаните фризури како Сара Џесика Паркер на левата фотографија. Многу подобро ќе изгледате со пуштена долга коса и патец на средина.
Бијонсе
Овалното лице на Бијонсе изгледа многу подобро без шишки. Но, таа може да експериментира со секакви други фризури бидејќи оваа форма на лице се смета за „совршена“.
Бела Хадид
Ако имате овално лице и сепак сакате шишки, направете ги подолги така што ќе можете да ги носите на страна, како Бела Хадид на десната фотографија.
Гвинет Палтроу
Актерката има правоаголно лице, односно поизразена вилица, па изгледа многу подобро со долга пуштена коса отколку со пунџи и опавчиња.
Лив Тајлер
Локните создаваат одлична рамнотежа кај издолжено лице како на Лив Тајлер.
Спирова С. | Црнобело