Редовна масажа и уште 6 тајни на жените од Индонезија заради кои изгледаат 10 години помладо
Купка со козјо млеко
Наводно, ова е древна традиција, а жените ја практикуваат и денес. Се верува дека овие купки ја омекнуваат, но и подмладуваат кожата.
За да си направите купка можете да ставете неколку шолји козјо млеко во топла вода, па седете во кадата околу половина час. Потоа истуширајте се.
Третман за коса што релаксира
Кога сакаат вистински да се релаксираат, жените од Индонезија си прават цел третман за нивната коса, кој вклучува и масажа.
Најпрво ставаат маска од авокадо на косата, па ја плакнат. Потоа следи масажа на скалпот, вратот и рамената, а на крај ја мијат косата и ја сушат со фен.
Редовно одат на масажа
Жените од Индонезија сметаат дека масажата е едно од најважните нешта кога станува збор за здравјето, но и задржувањето на младешкиот изглед.
Масажите релаксираат, ја подобруваат циркулацијата на крвта и, генерално, прават да се чувствувате многу подобро.
Секогаш се добро расположени
Ништо нема да направи да изгледате помладо како широката насмевка на вашето лице. Жените од Индонезија многу добро го знаат ова, па се грижат за нивото ментално здравје и се трудат секогаш да бидат расположени и да ја гледаат добрата страна на нештата.
Спирова С. | Црнобело