Фризерка стана вирален хит со видео: „Дали и вие погрешно ја миете косата?“
Ками вели дека едноставното триење на шампонот на косата не е доволно и покажува како треба да изгледа миењето + го открива делот од главата кој најчесто го запоставуваме.
Ками Кеј oд САД е поранешна фризерка која своите вештини за нега на косата постојано ги прикажува во видеа на ТикТок.
Неодамна едно нејзино видео, каде таа прикажува дека повеќето од нас ја мијат косата на погрешен начин, стана вирален хит.
Ками вели дека едноставното триење на шампонот на косата не е доволно.
„Не ја мијте својата коса само со триење на шампонот и надевајќи се на најдоброто. Така вашата коса ќе остане многу нечиста. Клучот на правилното миење е да ја триете силно со врвот од прстите“, вели Ками и додава дека мора силно да го триете скалпот и да миете ако треба и 2, 3 пати додека не е сè совршено чисто.
Исто така посочува кој дел од косата најчесто го забораваме.
„Мора да триете оддолу. Тоа е делот кој најчесто се заборава“ и посочува дека говори за задниот дел од главата.
Еден следбеник на Ками се пошегува „Значи секој пат кога ја миеме косата мора да триеме како да имаме вошки...“
Потоа се приклучија и други фризерки од кои една вели: „На моите клиентки им велам да ја измијат косата ноќта пред свадбениот ден за да биде подготвена за фризура, но не знаете колку жени всушност не знаат да си ја измијат косата правилно. Ми доаѓаат со масна коса, иако ја миеле.“
Видеото на кое Ками прикажува како не треба, односно треба д аја миете косата:
@kamikirschbaum There’s honestly such an art to hair washing but we will start here ?? #hair #hairstyle #beauty #beautyhacks #hairstyles #haircut #hairtutorial #cleantok #fyp #foryoupage #foryourpage #foruyou #foru #foryoupage #hairhack #fashion #fashionhack #tips ♬ Up And Down - Doja Cat
Повеќе фотки од Ками:
С. С. | Црнобело