Зошто не треба да се бањате повеќе од еднаш дневно?
Сувата, иритирана кожа и мрсната коса се само некои од последиците од многу честото туширање.
Треба да бидеме умерени за буквално сè – дури и туширањето. Можеби во студените месеци поретко, но во летниот период сите сакаме да се истушираме еднаш дневно, некогаш и по неколкупати.
Но, изгледа дека многу честото туширање може да ни предизвика повеќе проблеми отколку да ни биде од корист.
Погледнете кои се последиците од туширањето повеќепати дневно:
Вашата коса ќе стане помрсна
Со секое миење на косата се отстрануваат сите масти од скалпот. Кога многу често ја миете косата, скалпот ќе почне да се суши, а тогаш организмот ќе почне да се обидува да го среди тој проблем, па ќе почнат да се лачат многу повеќе масти.
На крај, резултатот е мрсна коса, дури и само еден ден откако сте ја измиле.
Всушснот, кога станува збор за косата, препорачливо е да не ја миете секој ден, туку 2-3 пати неделно.
Кожата ќе почне да се суши
Шампоните, но и самата топла вода, ги отстрануваат маслата и „здравите“ бактерии од кожата. Овие масла и бактерии се потребни за кожата да биде здрава и мека, па кога ќе почнете постојано да ги отстранувате, кожата ќе ви стане посува.
Можно е да ви се појави првут
Обично првутот е поради сувата кожа на скалпот, а веќе напоменавме дека честото миење на косата може да го направи тоа.
Кожата ќе ви стане почувствителна
Како што кажавме, некои бактерии се добри за кожата и всушност ја прават поиздржлива на разните надворешни влијанија. Ако постојано ги отстранувате, вашата кожа може да стане почувствителна и поподложна на црвенило и иритации.
Потешко ќе ја расчешлувате косата
Веднаш откако ќе ја измиеме, косата навистина ни изгледа како од реклама за шампони, но многу честото миење ќе ја направи сува и кршлива.
Поради ова, косата полесно ќе се заплеткува и ќе се кине многу повеќе додека ја чешлате.
Спирова С. | Црнобело