8 трикови во кои се крие посебниот шарм и убавината на Французинките

Секој оброк им е ритуал, секој ден носат убава долна облека, а масажата на лицето е важен дел од нивната рутина за убавина - кои правила можеме да ги научиме од Французинките?

8-pravila-na-francuzinkite-koi-sekoja-zhena-bi-trebalo-da-gi-sledi-01.jpg

Французинките се најпознати по софистицираниот стил, нивниот шарм, но и здравите животни навики за кои се чини дека не им претставуваат никаков предизвик.

Нивниот приоритет се самите тие и знаат да водат навистина добра грижа за себе, без разлика дали преку нивната рутина за убавина, нивните навики за јадење или нешто сосема друго.

Во продолжение осум правила на Французинките кои секоја жена треба да ги следи:

Не носат пуш-ап градници

Ретко ќе најдете пуш-ап градник во гардероберот на некоја Французинка.

Овие жени се горди и задоволни од својот природен изглед, па сметаат дека нема потреба да ги истакнуваат градите со вакви градници. Притоа, нив многу поважна им е удобноста отколку бујното деколте.

8-pravila-na-francuzinkite-koi-sekoja-zhena-bi-trebalo-da-gi-sledi-02.jpg

Ужина пред вечера

Кога ќе си дојдете од работа, веројатно сте гладни, а кога сте многу гладни, навистина е тешко да контролирате колку ќе изедете. Но, Французинките имаат одличен трик за да го избегнат прејадувањето после работа.

Кога ќе си дојдат дома, тие си дозволуваат мала ужина, како хумус, јаткасти плодови или некој зеленчук. Ова им помага да го контролираат апетитот и да го избегнат прејадувањето за време на вечера.

8-pravila-na-francuzinkite-koi-sekoja-zhena-bi-trebalo-da-gi-sledi-03.jpg

Повеќето пијат кафе без додатоци

Секој додаток што го ставате во кафето, како млеко или шлаг, му додава дополнителни калории на пијалакот. Ако, пак, додавате многу работи, всушност и ќе го изгубите вкусот на кафето помеѓу многуте други.

Французинките преферираат да пијат црно кафе, по можност без млеко, па дури и без шеќер.

8-pravila-na-francuzinkite-koi-sekoja-zhena-bi-trebalo-da-gi-sledi-04.jpg

Ја отстрануваат шминката со мицеларна вода

Мицеларната вода стана вистински хит последниве неколку години, и тоа со добра причина.

Овој продукт може да ја отстрани секоја шминка, а е доволно нежен за да не ја иритира кожата.

Притоа, мицеларната вода ја хидрира кожата на лицето без да ги затне порите и да предизвика мозолчиња и акни. Секако, ако се одбере соодветен продукт во зависност од вашата кожа.

8-pravila-na-francuzinkite-koi-sekoja-zhena-bi-trebalo-da-gi-sledi-05.jpg

Јадењето им е ритуал

Кога последен пат сте одвоиле време вистински да уживате во оброкот? Ако сте како повеќето, сигурно јадете на брзина или гледајќи некоја серија, но ова не важи за Французинките.

За нив, секој оброк е како ритуал на кој му го посветуваат целото внимание.

Со ова не само што повеќе ќе уживате во храната, туку и помали се шансите да се прејадете.

8-pravila-na-francuzinkite-koi-sekoja-zhena-bi-trebalo-da-gi-sledi-06.jpg

Не ја забораваат масажата на лицето

Се верува дека масажата на лицето ги релаксира мускулите и ја затегнува кожата, а со тоа и ја подмладува.

Французинките многу добро го знаат ова, па масажата на лице е редовен дел од нивната рутина за убавина.

8-pravila-na-francuzinkite-koi-sekoja-zhena-bi-trebalo-da-gi-sledi-07.jpg

Купуваат квалитетна и секси долна облека

Не ви треба посебна прилика за да си купите долна облека во која ќе се чувствувате секси.

Французинките скоро секогаш купуваат квалитетна долна облека во која се чувствуваат убаво и секси и без проблем ја носат секој ден.

Секако, важно е да одберете долна облека од квалитетен материјал, посебно во интимниот дел, за да ви биде удобна и да не си предизвикате проблеми.

8-pravila-na-francuzinkite-koi-sekoja-zhena-bi-trebalo-da-gi-sledi-08.jpg

Користат шампон за суво миење за волумен

Шампоните за суво миење можат да ви се најдат и за правење фризури.

Овие шампони можат да делуваат како „понежен“ лак за коса и да ја направат вашата фризура подолготрајна.

Едноставно, нанесете малку од шампонот на корените, соберете ја косата во пунџа и оставете ја 10-тина минути. Потоа пуштете ја и исчешлајте ја и ќе имате бујна коса со волумен.

8-pravila-na-francuzinkite-koi-sekoja-zhena-bi-trebalo-da-gi-sledi-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Продукти за убавина кои секоја Французинка ги има во својот несесер Црвен кармин, масло за кожа, маска за очи... Кои се продуктите за убавина со кои...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Анастасија Илиевска за стилот и убавината: „Еднаш месечно одам на козметичар, вежбам 5 пати неделно“ „Облека пазарам таму кај што нешто ми се допаѓа - може да е во маалска, дизајнер...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
4 најголеми грешки поради кои изгледате постаро отколку што сте Дебелите црни линии околу очите не им стојат на сите. Освен што е тешко да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg