Зошто жените во Јапонија си ги бричат лицата уште од 10 години?

Жените во Јапонија секогаш биле симбол за мазна, порцелански чиста кожа. Но, имаат тајна која досега сигурно не сте ја знаеле.

zosto-zenite-vo-japonija-si-gi-bricat-licata-uste-od-10-godini-001.jpg

Ако повнимателно го погледнете лицето во огледало, под силна светлина, ќе забележите дека имате деликатни, мали и нежни влакненца по целата негова површина. Сепак, ретко која жена посегнува да ги избричи.

За разлика од нас, тоа е рутина за жените во Јапонија.

zosto-zenite-vo-japonija-si-gi-bricat-licata-uste-od-10-godini-5.jpg

Кај нив има цели третмани кои вклучуваат бричење на носот, вратот, грбот, ушите, деколтето, рацете...

На пример, неизбричените раце кај нив се симбол за лоша култура и жена која има лоши манири, додека пак бричењето на лицето кај жените се препорачува на секои 3 недели.

zosto-zenite-vo-japonija-si-gi-bricat-licata-uste-od-10-godini-6.png

Зошто се одлучуваат на овој чекор и зошто бричењето на лицето е дел од нивната рутина за убавина?

Сите салони за убавина тврдат дека по овој третман кожата станува мазна, свежа и сјајна. Шминката се задржува полесно и подолго, а исто така сметаат дека со тоа може да заборавите на акните.

Објаснувањето е дека влакненцата задржуваат прашини, нечистотии и бактерии, кои потоа лесно предизвикуваат иритации.

Секако, не постои гаранција за тоа, па не препорачуваме на своја рака да го направите ова без консултација. 

zosto-zenite-vo-japonija-si-gi-bricat-licata-uste-od-10-godini-01.png

zosto-zenite-vo-japonija-si-gi-bricat-licata-uste-od-10-godini-02.jpeg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg