11 работи поради кои оставате впечаток на несреден маж
Чевли со остатоци од кал, неисчистени влакна од миленици на облеката, несредени нокти и брада и уште неколку работи кои оддаваат впечаток на маж кој не обрнува внимание на својот изглед и делува несредено.
Не, жените не се единствените кои треба да внимаваат на својот изглед. Секој човек, независно од полот треба да одржува добра хигиена, да не излегува со валкана облека и чевли и да се потруди да остави впечаток на средена личност.
Секако, има моменти кога немаме време да размислуваме на изгледот, па може да се случи да излеземе без доволно средена фризура или малку истуткана маица, но би било добро однапред да размислуваме на некои работи. Понекогаш се потребни само неколку минути.
Негувањето на изгледот не е женска работа, па така и мажите треба да остават впечаток дека внимаваат на себе - не е доволно само да станете од спиење, да се облечете и да излезете.