5 трикови за нега на мрсната кожа во лето

Летото и топлото време носат многу предизвици, а еден од нив е како да ја негуваме мрсната кожа на лицето за време на пеколно високите температури. 

5-trikovi-za-nega-na-mrsna-kozha-vo-leto-01.jpg

Со цел да ја намалиме реактивноста на мрсната кожа во овој временски период, постојат неколку трикови за нега на овој тип на кожа:

Заменете ја течната пудра со минерална пудра во прав

Течните пудри се апсорбираат во горниот слој на кожата, а мрсната кожа природно, додатно лачи себум, што може да резултира со несакан сјај на лицето.

Пудрата во прав е „спас“ за мрсната кожа, затоа што минералната формула ѝ дава лесен и постојан, изедначен изглед. Со други зборови, минералната шминка делува подобро на мрсна и комбинирана кожа на лицето.

Користете серум наутро и хидратен крем навечер

Можеби сте забележале дека лицето ви се мрси многу повеќе во пладневните часови отколку наутро. Ова секако не е само дел од вашата перцепција, туку е и научно докажано. Од моментот на будење, серумот започнува со зголемено лачење, а пикот го достигнува напладне.

Во текот на ноќта пак, кожата има целосна моќ на апсорпција, без оглед на годишното време. Искористете ги овие два циклуси така што серумот за лице ќе го употребите наутро, а хидратната крема навечер пред спиење.

Користете минерална заштита од сонцето

Кремите за сонце ја штитат вашата кожа од УВ зраците на два начини, односно ја апсорбираат енергијата на УВ зраците и ги рефлектираат истите подалеку од кожата. Минералните креми за сончање генерално делуваат со различен механизам.

Минералната крем за сончање може да го замислите како милион микроскопски огледала распоредени во мисија да ја заштитат вашата кожа од УВ зрачењето. Исто така, минералните креми за сончање имаат неколку основни состојки, од кои едната е цинк оксид кој суши дел од себумот што вашата кожа природно го лачи.

Водоотпорна шминка и хартија за апсорбирање мрсен сјај

Со помош на добрата основа на лицето, надополнете ја вашата декоративна рутина на шминка со водоотпорна маскара и руменила, бронзери или хајлајтери во прав.

Специјалните мали хартивчиња (blotting paper) ќе го впијат вишокот на масло и мрсен сјај кој се лачи повеќе во текот на летната сезона и станува најлошиот непријател на мрсната кожа.

Пилингот е задолжителен

Мрсната кожа природно ги „отстранува“ лошите клетки од епидермисот побавно за разлика од нормалниот тип на кожа. Кога не ѝ правите редовен пилинг на кожата, таа станува склона кон „кршење“ односно перутење.

Исто така, веројатно ќе изгледа многу мрсно, бидејќи мртвите клетки на кожата се лепат за себумот. Затоа правете почесто пилинг на кожата во текот на летните месеци.

Напомена: Секако, најдобро е доколку сте во можност да се консултирате со стручно лице кое ќе ви помогне најдобро да ги одберете производите врз основа на вашиот тип на кожа и во случај да имате проблеми со кожата. 

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg