Контурирање со крем за сончање е новиот „тренд“ на ТикТок – зошто е ова опасно и не треба да го правите?

ТикТок постојано „нè бомбардира“ со нови трендови. Иако апликацијата може да биде добра за да откриете некои нови продукти во однос на шминката и негата за кожата сепак се појави нов тренд на „природно“ контурирање на лицето со крем за сончање, за којшто експертската јавност тврди дека не само што не е добар, туку е и опасен по здравјето.

Kozmetichki-trend-na-Tik-Tok-shto-ne-e-bezbeden-za-zdravjeto-Zoshto-pravenjeto-konturi-na-liceto-so-krem-za-soncanje-e-opasno-01.jpg

Манекенката Ели Витроу објави видео на Тик Ток на кое гледаме дека нанела крем за сончање на одредени делови од лицето.

„Хејтерите ќе кажат дека не функционира. Јас сум уверена дека ако ставите основа од крем за сончање со заштитен фактор 30 и заштитен фактор 90 на сите места каде што би ставиле хајлајтер, сонцето ќе ви направи контури таму каде што вообичаено би нанеле бронзер и ќе имате природна шминка цело лето“ – вели таа во видеото што веќе има над 12 милиони прегледи.

@stopiteli

I am convinced this works! #tutorial #contour #summer #lifehack #hack #beautyhack #snatched #tiktokwellness #hiddentalent

♬ original sound - Eli Withrow

Иако видеото беше оригинално објавено во јуни минатата година, годинава пак е актуелно, најверојатно со враќањето на новата летна сезона трендот повторно станува актуелен. Но, лекарите се едногласни дека ваквото „природно“ контурирање на лицето е мошне опасно.

„УВ зраците од сонцето може да предизвикаат сериозно оштетување на кожата, особено кај лицата што имаат посветла кожа. Изгорениците од сонце на кожата и потемнувањето се индикација дека се случило одредено оштетување на клетките.

Користењето крем за сончање за да се формираат исончани линии може да го има истиот ефект како кога користите шминка. Но, кога тенот ќе избледи ќе ви остане постојано оштетување на кожата што ќе биде видливо во подоцнежните години и што не може да се отстрани.

Силните УВА, УВБ и УВР зраци од сонцето може да доведат до предвремено стареење на кожата, да предизвикаат брчки, хиперпигментација на кожата позната како лентиго или подлабока пигментација позната како мелазма“ – вели доктор Симран Део за Online Doctor, пренесува Daily mail.

Дополнително, докторката советува дека сите треба да користат крем за сончање, но по целото лице за да се заштитат од штетните зраци. 

@rruthb

Natural Contour, a scam? Should I have done it for an hour instead?? Maybe use a stronger sunscreen?LMK

♬ original sound - rruthb

Покрај Део, ште една докторка се огласи за овој тренд на нејзиниот Инстаграм профил. Доктор Катерин Денинг објави подолг пост на нејзиниот профил каде нагласи дека ваквата употреба на крем за сончање, наместо шминка - може да предизвика рак на кожата.

„Препораките од British Skin Foundation се да се користи половина лажичка крем за сончање на лицето. Важно е да не заборавите да ги заштитите и деловите на вратот и на деколтето“ – напомена таа.

Инаку, на социјалните мрежи голем број корисници веќе ги објавија резултатите од користењето на ваквиот опасен тренд. Има такви што велат дека трендот бил успешен, но и такви што не поминале добро.

Kozmetichki-trend-na-Tik-Tok-shto-ne-e-bezbeden-za-zdravjeto-Zoshto-pravenjeto-konturi-na-liceto-so-krem-za-soncanje-e-opasno-02.jpg

@teachermclane

Just put the sunscreen on all over! #sunscreen #fyp #tiktokmademedoit #sunscreenchallenge #sunscreenqueen

♬ original sound - Christa Clair McLane

Како и да е, кога станува збор за овој тренд најдобро е да ги следиме советите на лекарите и на стручните лица. За контурирање на кожата најдобро е да користиме шминка, наместо алтернативни и навидум природни методи кои може да имаат катастрофален исход.

На веб-страницата на македонското здружение за борба против ракот „Борка“ детално е појаснето што претставува ракот на кожата и кои се најчестите причинители за болеста.

Оттаму нагласуваат дека меланомот е рак на кожа кој потекнува од клетките на кожата наречени меланоцити, односно токму од клетките кои на вашата кожа ѝ го даваат тенот.

„Додека се сончате меланоцитите произведуваат црн пигмент – меланин кој има основна улога да ја заштити кожата од ултравиолетови зраци, а од друга страна вам ви го овозможува оној прекрасен бакарен тен.

Вистинската причина за појава на меланомот сè уште не е позната. Се смета дека изложувањето на сончевите зраци и на другите извори на ултравиолетово зрачење е најголем фактор на ризик за настанување на кожниот карцином и тоа повременото изложување на сонце“ – се вели на веб-страницата.

Имајќи ги сите овие податоци на ум треба да знаеме дека овој ТикТок тренд е мошне опасен по здравјето. Експертите предупредуваат дека пред нанесување на шминка, потребно е лицето темелно да се заштити, а не само одредени делови од него.

На крајот на краиштата за контури постои шминка, а со сончевите зраци и со сопственото здравје не можеме и не смееме да се коцкаме.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg