Поранешен модел на 67 години изгледа подобро од кога било: „Ако имате убави нозе, покажете ги – годините се само бројка“
Кристи Бринкли е топ модел што порано се појавувала на насловните страници на Sports Illustrated Swimsuit. Taa нема намера да се појави повторно во светските модни списанија, но објавува фотографии во бикини на социјалните мрежи.
Кристи (67) во интервју за Fox News изјави дека не дозволува годините да ја контролираат.
„Ги објавувам овие фотографии затоа што ги слушам жените на моја возраст како постојано велат: ‘Ти благодарам затоа што го менуваш начинот на кој луѓето мислат за годините’. Во минатото броевите значеа нешто. Се сеќавам дека луѓето сметаа дека по 30-тата година не треба да носиш долга коса, под рамената, или дека работ на здолништето мора да биде под колена“ - вели таа.
Според топ моделот, која четирипати се појавувала на насловната страница на Sports Illustrated Swimsuit овие правила се мошне ограничувачки. Таа често позира во бикини, без разлика дали е на плажа со синот или го облекува костимот за капење два месеци по операција.
„Секој е различен, секој е уникатен. Но, тоа е како да му кажеш на гимнастичар дека не може да вежба по одредена возраст. Нема смисла. Ако имате убави нозе, покажете ги... Не дозволувајте годините да ве контролираат“ - вели Кристи.
Некогашниот топ модел нема намера да се враќа на својата поранешна професија, а за коментарите дека изгледа мошне младолико, таа во минатото призна дека ѝ биле извршени одредени естетски интервенции.
Имено ѝ била направена процедура против стареење Xeomin, која помага за брчките и Ultherapy за затегнување на кожата во пределот на вратот и деколтето.
Во продолжение повеќе фотографии од Кристи Бринкли во бикини:
Б. С. Б. | Црнобело