10 грешки при фарбањето заради кои косата не ви излегува како од салон
Не ја миете косата пред фарбање
Остатоците од другите продукти за коса, како балсам и лак може да ја попречат апсорпцијата на фарбата.
Затоа добро е косата да биде чиста пред фарбање.
Дополнително, ако косата се фарба додека е влажна тоа може да ја разводни фарбата и да го промени крајниот ефект.
Запомнете, косата треба да биде чиста и сува.
Не го боите прво коренот
Секогаш треба прво да почнете да го боите коренот на косата. Затоа што таму се забележува растот на косата и затоа што тоа е најмалку оштетен дел, па на коренот му треба и најмногу боја и најмногу време.
Оставете ја бојата да стои толку време како што е наведено во упатството за бојата (од 30 до 45 минути), а потоа со чешел разнесете ја бојата на останатиот дел од косата за да избегнете ефект на две нијанси.
Најдобро е косата да ја поделите на четири или шест дела слично како професионалците (можете да користите и шноли) за да се осигурате дека косата ќе ви биде целосно покриена.
Не користите рачно огледало
Кога сами ја боите косата, фарбањето на задниот дел може да се покаже како мошне тешко.
Затоа добро е да користите две огледала.
Односно со рачно огледало да проверите што се случува и како сте го офарбале задниот дел.
Не користите капа за туширање
Додека чекате да се развие бојата можете слободно да ставите капа за туширање за да не се размачкате или да не ви капне боја.
Вака, со капата можете слободно да гледате ТВ или да правите нешто друго додека чекате.
Jа миете косата следниот ден по бојадисувањето
Значи, да косата треба да се измие онака како што е напишано во упатството на бојата за коса.
Но, до следното миење на косата треба да поминат најмалку три дена. Така ќе спречите избледување на бојата и ќе го продолжите периодот до следното фарбање.
Б. С. Б. | Црнобело