Џина (50) од Австралија е најсекси баба на светот - нејзиното најмало дете има 6 години, а има и внуче
Има 4 деца од кои едната ќерка е на само 6-годишна возраст, но има и едно внуче. Џина од Австралија години наназад важи за „најсекси баба“ во светот.
Џина Стјуарт е 50-годишна жена од Австралија, која стана хит во светските медиуми во 2018 година со својот младешки изглед. Тие ѝ ја доделија титулата „најсекси баба на светот“.
Џина е мајка на 4 деца, од кои најмалото има само 6 години, но и баба на едно внуче.
Џина со 6-годишната ќерка
Неодамна таа го прослави својот 50-ти роденден во раскошна вила.
Таа открива дека клучот на нејзината фит линија е елиминирањето на глутенот од исхраната и консумирањето на антиоксиданти. Сето тоа надополнето со оптимизам и позитивно гледање на случувањата во животот.
„Се чувствувам најдобро кога имам мали оброци со здрава храна. Верувам дека вие сте тоа што го јадете, мислите и чувствувате. Сето тоа ви го храни нивото на енергија секојдневно.
Кога сум под стрес си креирам мирен простор за себе за да ги наполнам батериите. Дефинитивно верувам во моќта на позитивното размислување и елиминирање на негативностите“, вели Џина која додава дека исто така секој ден пие многу вода и прави 10.000 чекори дневно за да се чувствува добро психички, а дел од нив ѝ се боса по плажа.