По Антониа Гиговска, и Кристина Димитриевска во смело издание со син кармин
Ретко која девојка има смелост да „износи“ син кармин, но Антониа Гиговска и Кристина Димитриевска дефинитивно сакаат да експериментираат со шминката, по примерот на светските ѕвезди.
Ријана и Бијонсе сме ги виделе со син кармин во неколку изданија досега. Ѕвездите знаат дека треба да бидат смели во поглед на стајлингот и шминката и дека треба да прават храбри потези.
Па, така од македонските ѕвезди, обожавателка на синиот кармин веќе години наназад е Антониа Гиговска. Пејачката во повеќе пригоди, како манифестации и фотосесии, се има појавено со вакав храбар избор на кармин.
Сега и моделот што гради музичка кариера Кристина Димитриевска се појави во вакво издание.
Што мислите за овој смел избор?
Кристина Димитриевска
https://www.instagram.com/p/CK_KtejHQyQ/
https://www.instagram.com/p/CK8z_WenjBT/
Антониа Гиговска
С. С. | Црнобело