Толку добри што ќе ви биде жал да ги трошите – кинески бренд за шминки ги поместува границите на убавина и дизајн (фото)
Основан во 2017 година, Florasis („Hua Xizi“ на кинески) е козметички бренд креиран во Вест Лејк, Hangzhou кој станува огромен хит во текот на 2018 година.
За време на Double 11 фестивалот за шопинг во Кина, брендот Florasis успеал да заработи 14.2 милиони долари за еден час што е неверојатно импресивно.
Името на брендот е прилично интересно. „Hua“ значи „цвет“, а „Xizi“ во превод е „западна убавина“.
Но, она што е највпечатливо кај Florasis е секако нивниот дизајн, односно пакувањето кое претставува совршена симбиоза на традиционалното и модерното.
Самите шминки наликуваат на мали уметнички дела за кои ќе ви биде жал да ја допрете четката на нив. Целиот концепт е осмислен до најмалиот детаљ кој го воодушевува окото на купувачот.
Сите кои „паѓаат“ на добро пакување ќе посакаат барем едно парче од Florasis. Дали и вие сте еден од нив?
Погледнете го кинескиот бренд за декоративна козметика кој ги поместува границите на естетското:
https://www.instagram.com/p/CHXLXBfhWE8/
https://www.instagram.com/p/CC_EpZdlzR4/
https://www.instagram.com/p/B32I8bgjevv/
(О)Милена | Црнобело