9 совети за правилно одржување на фарбаната коса
Фарбите за коса се одличен изум и ни овозможуваат целосно да го промениме нашиот изглед. Сепак, кога имате фарбана коса, мора да земате предвид некои нешта.
Обично фарбите за коса се агресивни и малку ја оштетуваат косата, но со правилна нега и грижа, ова нема да ви претставува проблем.
Во продолжение погледнете како да ја одржувате и како најдобро да се грижите за вашата фарбана коса:
Обидете се да не ја миете секој ден
Ако подолго време се фарбате, сигурно сте забележале дека со миењето, бојата на косата избледува.
Покрај тоа, не е ни добро за вашата коса да ја миете секојдневно – фризерите препорачуваат најмногу двапати неделно. На овој начин подолго ќе ја задржите бојата, а и вашата коса помалку ќе се мрси.
Користете шампон за фарбана коса
Денес лесно можете да најдете шампони за фарбана коса, па дури и според бојата на вашата коса. Овие шампони подобро ја негуваат фарбаната коса, па добро би било да ги користите наместо обичен шампон.
Користете спреј за заштита од топлина
Ако излегувате на сонце или ја обликувате коса со пегла, фигаро и слично, не заборавајте да нанесете спреј за заштита од топлина.
Фарбаната коса и онака е малку посува и покршлива, па ѝ треба дополнителна заштита од сонце и топлина.
Не ја заборавајте маската за коса
Вреди да инвестирате во квалитетна маска за коса со навлажнувачки ефект. Како што напоменавме, фарбаната коса може да биде посува, па ќе треба да ја хидрирате со маска.